Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Конститутивна седница на Бизнис клубот Европа при Стопанската комора

Во Стопанската комора на Македонија на 18 декември 2025 година се одржа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Стопанската комора на Македонија на 18 декември 2025 година се одржа конститутивната седница на Бизнис клуб Европа, новоформирано советодавно тело за прашања од значење за бизнис-заедницата кои имаат директно влијание врз стратешката цел на државата – интеграција во Европската унија и напредување во процесот на пристапните преговори.

Бизнис клуб Европа е формиран на иницијатива на претседателот на Комората, Бранко Азески, со цел да обезбеди структурирана платформа за дијалог и координација помеѓу бизнис-заедницата, академската јавност, релевантните чинители во евроинтегративните процеси и дипломатските претставници од европските земји. Главниот фокус на делувањето на Клубот е насочен кон прашања поврзани со Европската унија, интеграцијата на македонското стопанство во европските процеси, ЕУ-дипломатијата и градењето политики кон ЕУ од перспектива на бизнис-заедницата. Клубот ќе функционира и како ефикасен инструмент за обезбедување повратни информации од деловната заедница до Европската комисија, а ќе функционира и како проектна активност во рамки на Enterprise Europe Network.

„Формирањето на Бизнис клуб Европа претставува јасна определба на Стопанската комора активно и аргументирано да го вклучи македонското стопанство во процесот на европска интеграција. Нашата цел е бизнис-заедницата да има силен, координиран и препознатлив глас во креирањето на националните позиции во пристапните преговори и во комуникацијата со институциите на Европската унија. Во исто време, во рамки на своите активности, Бизнис клуб Европа ќе организира тркалезни маси, дебатни форуми, информативни, промотивни и настани за вмрежување, со цел промоција на процесот на пристапување во ЕУ и зајакнување на улогата на бизнисот во тој процес“, изјави претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Реклама

Бизнис клуб Европа брои 17 членови – истакнати претставници од македонското стопанство, научната фела и експерти во областа на евроинтеграциите. Преку своето делување, Клубот ќе придонесува кон следење на текот на пристапните преговори, подготовка на мислења, насоки и позициски документи, застапување на интересите на бизнис-заедницата пред институциите на Европската унија, како и унапредување на јавната и медиумската видливост на европската агенда во стопанството. На конститутивната седница, за претседател на Бизнис клубот Европа беше избран Глигор Цветанов, генерален директор на „Макпрогрес“ ДОО Виница.

Со формирањето и одржувањето на конститутивната седница на Бизнис клуб Европа, Стопанската комора на Македонија ја зацврстува својата улога како активен и релевантен партнер во процесот на европска интеграција и како глас на македонското стопанство на европско ниво.