Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Комора на северозападна Македонија: Минималец од 500 евра, ако се намалат придонесите

Бизнисот е согласен минималната плата да биде и 500 евра, но поголемиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнисот е согласен минималната плата да биде и 500 евра, но поголемиот трошок да се компензира со пониски придонеси. Од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека ако се намалат придонесите од 47,7 на 32%, ќе можат да ги покачат и платите на работниците. Од комората повторно побараа дел од администрацијата да се прераспредели во приватниот сектор, бидејќи соодветен кадар има се помалку и помалку. Допрва треба да разговараат и да ги определат пакетите со кои ќе се стимулираат службениците да го променат работното место.

Бизнисот бара реализација на најмалку 80% од предвидените капитални инвестиции догодина кои се проектирани на рекордно највисоко ниво 820 милиони евра. Сметаат дека сите фирми кои исполнуваат услови, без исклучок на дејноста, треба да бидат финансирани од банките преку унгарскиот заем, бараат рамноправна распределба на странските инвестиции во сите индустриски зони, поголема децентрализација на општините.

Голем број на фирми чекаат поврат на ДДВ подолг период. Од комората на северозападна Македонија велат дека претходната Влада доцнела со повратот на ДДВ. Сега состојбата почнала да се подобрува, дел од данокот почнал полека да се враќа, но треба уште многу за државата да биде подисциплинирана во плаќањата кон бизнисот. Ако се исполнат нивните барања, од комората велат дека е остварлив раст на економијата од околу 4% во наредните неколку години.