Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Комисијата за прашања на избори треба да го соопшти предлогот за нов член на Судскиот совет

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Утврдување на предлог-листа за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.

На 26-ти минатиот месец пред Комисијата се претставија шестмината кандидати за кандидати кои ги исполнуваа условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието. Новиот член на Судскиот совет ќе се бира помеѓу Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово,  Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од од с. Чејле, Гостивар, Сабедин Даути, дипломиран правник со положен правосуден испит од с. Равен, Гостивар, Фадил Џелил, магистер на правни науки со положен правосуден испит од с. Чегране, Гостивар, Светлана Попова, магистер на правни науки со положен правосуден испит од Штип и Сејфула Османи, доктор на правни науки со положен правосуден испит од Градец, Врапчиште. 

Реклама

На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, двата по скратена постапка.