Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Колев: Нов мост, обиколница и нови велосипедски патеки, го решаваме предизвикот со недостиг на паркинг места

Градоначалникот на општина Велес, Марко Колев дебатираше со противкандидатот на СДСM од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Велес, Марко Колев дебатираше со противкандидатот на СДСM од Велес. Колев говореше за предизвикот со потребата од голем број на паркинг места, за којшто потенцираше дека во новиот мандат, односно следните 4 години, ќе биде решен. 

„Во соработка со ЈПДП, мостот кај Башино Село е веќе реконструиран, веќе имаме документација и обезбедени средства за изградба на нов мост, во близина на претходниот и секако обиколницата којашто треба да се гради некаде почетокот на 2026 година. Секако имаме и други проекти за кои имаме предвидено средства, така да ќе го решиме и овој проблем”, истакна Колев. 

Исто така, во делот намалување на метежот, Колев напомена дека се вложува и во нови велосипедски патеки, за да граѓаните можат да користат велосипеди, место автомобили. 

Реклама

„Со поддршка на УНДП изготви техничка документација за изградба на две велосипедски патеки кои во наредните години ќе бидат изградени. Едната ќе го поврзе населеното место Поток со Св.Илија за којшто имаме документација, додека втората ќе го поврзе Којник со Вршник и да завршува во населба Тунел. Тие се двете опции кои се предвидени да бидат реализирани”, рече Колев.