Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Колективниот договор на Министерството за култура на седница на Уставен суд

Уставниот суд денеска ја одржува 9. седница на која ќе расправа по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд денеска ја одржува 9. седница на која ќе расправа по вкупно шест иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, две барања за заштита на слободите и правата, како и еден предмет по кој ќе се гласа. Како што е најавено, судиите ќе дискутираат за повеќе закони, подзаконски акти и општински одлуки, кои, според подносителите, се во спротивност со Уставот и законите.

Меѓу иницијативите што се на дневен ред е споpниот дел од Законот за дивечот и ловството, со кој се овозможува ловиштето времено да му се додели на „стариот корисник“ сѐ додека не се избере нов корисник на јавен повик. Подносителот на иницијативата тврди дека ваквото решение е непрецизно и претставува заобиколување на законската постапка.

Пред уставните судии денеска ќе се најде и иницијатива за одредба од Законот за спортот, за која се наведува дека е нејасна и може да создаде забуна во примената, особено во делот што се однесува на донесување подзаконски акти и користење на правни лекови.

Реклама

Седницата опфаќа и иницијатива за оценување на уставноста на Колективниот договор за култура во целина и повеќе негови одредби. Во неа се оспоруваат решенија за платено отсуство и пресметка на плати, за кои се тврди дека создаваат нееднаквост со другите вработени во јавниот сектор и не се во согласност со повеќе закони и со Уставот.

На дневен ред е и предмет што се однесува на одлуките на Општина Велес за утврдување на цената за собирање и транспортирање на комуналниот отпад. Подносителите сметаат дека општината ја одредила цената врз погрешна законска основа, повикувајќи се на Законот за локална самоуправа, наместо на Законот за управување со отпад.

Уставниот суд ќе расправа и по иницијатива поврзана со Правилникот за стручни и научни називи, со која, според подносителот, се прави нееднаква положба меѓу студентите што завршиле академски и стручни студии, особено во користењето на називот „инженер“.

Последната иницијатива се однесува на Упатството за одобрување сеча во приватни шуми, за кое се тврди дека неосновано ги ограничува сопствениците на шуми кои имаат хипотека и доведува до одбивање на нивните барања.

Во вториот дел од седницата, Судот ќе расправа по две барања за заштита на слободите и правата. Едното се однесува на наводна повреда на правото на слободно политичко дејствување и еднаков медиумски третман во изборниот процес од страна на пратеникот Амар Мециновиќ од Левица, а другото на наводна дискриминација по социјална припадност поврзана со извршување врз пензија.

На крајот од седницата, уставните судии ќе гласаат за предметот за Законот за платите на судиите за кој е изготвена нацрт-одлука.