Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Кочани се подготвува достоинствено да им оддаде почит на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“

Со повик за сплотеност, истрајност и човечност, градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со повик за сплотеност, истрајност и човечност, градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, најави тридневна програма со која ќе се одбележи една година од трагедијата во дискотеката Пулс. Настаните ќе бидат посветени  на загинатите, повредените, но  и на сите кои несебично помогнаа по трагедијата. Грозданов, повика на заедништво  бидејќи тоа е единствениот начин да се продолжи по една ваква голема трагедија, која ќе остане трајно врежана во меморијата на нацијата.

Младите што трагично ги загубивме ја заслужуваат нашата почит. Заслужуваат почит која треба да ја изразиме мирно, достоинствено и сплотено…. Нека овие денови не бидат само сеќавање на болката, туку и нов лист во нашето заедничко делување, да станеме општина на сплотеност, истрајност и мир“, рече градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов.

Програмата започнува на 14-ти со православни содржини за молитвено сеќавање. Наредниот ден под мототот „Кочани ви благодари„ вниманието ќе биде насочено кон повредените, но и кон сите здравствени работници, институции, здруженија и поединци  кои во најтешките моменти покажале голема хуманост и пожртвуваност. Грозданов ги охрабри повредените да ги поканат своите лекари кои им биле потпора во борбата за живот.

Реклама

Ве охрабрувам сами да си ги повикате своите лекари, медицински крепители. Општина Кочани е овде и ќе ги удостои со топол и срдечен прием, ќе им обезбеди сместување и сите потребни почести. Планираме сите кои се жртвуваа да ги одликуваме со статуетки на благодарност рече на денешната прес конферернција, градоначалникот Грозданов.

На 16-ти кога ќе се одбележи точно една година од трагедијата ќе се одржат содржини посветени на достоинствено оддавање почит на  починатите во дискотеката Пулс, каде животот го загубија 63, а над 200беа повредени. Тридневниот настан, ќе биде организиран од заедничкиот организационен одбор составен од Здружението на граѓани-16 Март , Oпштина Кочани и уште неколку институции во Кочани.