Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Кочани памети, Македонија памети: Премиерот Христијан Мицкоски доби беџ со скршено срце од мајка чија ќерка почина во големата трагедија

Беџ со скршено срце на кое пишува Кочани и датумот 16.03.2025-та година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Беџ со скршено срце на кое пишува Кочани и датумот 16.03.2025-та година, еден од најмрачните и најтажни во поновата македонска историја, носеа државните претставници кои денеска присуствуваа на одбележувањето на годишнината од големата трагедија. Беџот на реверот од сакото на премиерот Христијан Мицкоски го стави Габриела Наунова, мајка на трагично загинатата Надица Наунова. Таков доби и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.

Двајцата беа во првиот ред во Паркот на револуцијата во Кочани, каде што утрово се служеше молитва за упокоените во трагичниот настан.

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани се потпиша во книгата на жалост. Изразувајќи голема почит кон настраданите, порача дека оваа апокалипса ни оставила длабока рана.  

Реклама

-Во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа. Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единство нека бидат сила што ќе не води напред. Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети, порача Мицкоски.

Ви книгата на жалост се потпиша и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која реши денеска во знак на почит да не се обраќа од Кочани. Ставовите ги искажа на межународнта конференција посветена на трагедијата. Сепак, денот го одвбележа со  објава на социјалните мрежи каде напиша дека до крајот на животот ќе ја помни сликата од утрото по трагедија, но и дека воспоставената и инстензивна координација меѓу македонските институции, здравствениот систем и меѓународните партнери, овозможи спасување на многу млади човечки животи.

Во книгата на жалост во Кочани се потпиша и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој вели дека не постојат зборови што можат да ја опишат големата болка и тага на семејствата на трагично починатите.

-Во Кочани оддаваме длабока почит кон прерано згаснатите млади животи. Не постојат зборови што можат да ја опишат болката и тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили. Сочувство кон родителите и нивните најблиски. Нека им е вечен споменот, напиша Филипче.

Речиси сите политичари, на овој тежок ден решија да ги остават настрана своите разлики и несогласувања, па така денот помина без меѓусебни обвинувања и политички препукувања.

Матеја Петровски