Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Клиниката за онкологија ќе добие за 64% поголем буџет оваа година од ФЗОМ

Позитивни вести за болните од канцер. Годинава повеќе пари за Клиниката за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Позитивни вести за болните од канцер. Годинава повеќе пари за Клиниката за онкологија. Директорот на Фондот за здравство, иннформираше дека буџетот ќе биде  поголем за 64 % за разлика од претходната. Очекувањата се дека со тоа оваа здравствена установа ќе застане на здрави нозе.  На Светскиот ден на борбата против ракот, надлежните велат дека здравствениот систем се соочува со сериозни предизвици кога станува збор за превенцијата и лечењето на најтешко болните. Но се оптимисти дека онколошките пациенти ќе добијат современа терапија и подобар третман, но и побрза дијагностика. Од Министерството за здравство уверуваат дека оваа година ќе дадат поголема поддршка на болните од рак и подобри услови за лекување.

Онколошките пациенти се делумно задоволни од соработката со надлежните, и веруваат дека ситуацијата оваа година ќе се подобри. Тие бараат поголема превенција за болеста и воведување на нови лекови кои ќе бидат на позитивната листа.

Директорот на Онкологија уверува дека терапија ќе има за сите болни, и најави дека за брзо ќе се стави во функција и акцелераторот на Клиниката.

Реклама

За да се намали притисокот врз Клиниката за онкологија потребна е децентализација велат надлежните. ГОБ 8-ми септември е подготвена да преземе пациенти за дијагностика.Но се уште очекува лекови…за да можат пацинетите и таму да примаат биолошка и имунолошка терапија.

Претходната власт со години ветуваше дека ќе се го стави во функција онколошкиот центар во “8-ми септември” за да можат болните да се лекуваат, но тоа не го реализираше. Сегашното раководство уверува дека тоа ќе се случи наскоро.