Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува за што говорат податоците дека во последните две недели има по два нови случаи, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се хоспитализирани шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба. 

– Сметам дека епидемијата стивнува бидејќи последните две недели имаме по два нови случаи. Значи, оваа недела, по објавувањето на извештајот од Институтот за јавно здравје, в понедленик, ќе имаме два нови суспектни случаи. Дека се смирува ситуацијата, говори и фактот дека во моментот на Клиниката за инфективни болести имаме шест хоспитализирани лица – изјави Клековски во однос на извештајот на ИЈЗ за периодот до 8 септември, во кој се наведува дека е регистриран и случај во Свети Николе. 

Смирувањето на ситуацијата, според Клековски, не е поврзано со заладувањето бидејќи новите случаи се заразени пред три до 14 дена.

Реклама

– Мислам дека постапувањето по индикации влијаеше и е постигнато тоа што го очекувавме. Сепак, точни закономерности не постојат во оваа епидемија. Имаме три пронајдени мртви гаврани со вирусот во општини во кои нема регистрирано случаи на западнонилска треска (два во општина Карпош и еден во Ресен) – посочи Клековски.

На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се вкупно шест пациенти, од кои само двајца се со потешка клиничка слика. Се работи за пациенти што подолг период се хоспитализирани.

– Тие подолго време се на Клиниката, интубирани се и се на респираторна поддршка. Другите четворица се во стабилна состојба и се на Одделот на невроинфекции. Двајца се водат како суспектни бидејќи се понови, а кај другите двајца при крај е процесот на закрепнување и набргу ќе бидат отпуштени од болница – изјави директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана.