Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Ќире Димов: Битола ќе биде град со кој што ќе се гордееме и нема да го напуштаме

Битола ќе биде град со кој што ќе се гордееме и нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битола ќе биде град со кој што ќе се гордееме и нема да го напуштаме, а за тоа да се случи имам јасни и реални проекти, истакна Ќире Димов, магистер по меѓународни односи и дипломатија, кандидат за градоначалник на Општина Битола, поддржан од ТМРО и невладини организации.

Според Димов, кој повеќе од 20 години работи во приватниот сектор, на Битола и е потребен развој на економијата која е во слободен пад, изградба на Саемски центар и други проекти.

-Прв и најрадикален дел од мојата програма што ќе се примени во Битола е воспоставувањето  еколошка такса за најголемите загадувачи во градот. За оваа цел на 20 локации во општината ќе се постават мерни единици, и на тој начин во центарот и околината ќе утврдиме од каде и колкаво загадување се врши во Битола. Од еколошката такса меѓудругото ќе го финансираме престојот на децата, на младите, кои бесплатно 5-7 денови за време на зимскиот и летниот распуст ќе престојуваат на Пелистер, односно во познатото Детско одморалиште кое најнапред ќе го преземе Општина Битола, а потоа и ќе го обнови и менаџира, посочи Димов.

Реклама

Во програмата на кандидатот за градоначалник на Општина Битола Ќире Димов, проектирано е и т.н. Олимписко или Еко-село, модерна населба со игралишта и базени во подножјето на Пелистер од која се очекува економски бенефит.

-Економијата во Битола е во слободен пад, а индустриската зона е запоставена. Зоната комплетно ќе ја рестартираме затоа што во моментов имаме нефункционално земјиште и тоа ќе го понудиме на реални фирми. Парцелите кои беа купени по едно евро за квадрат сеуште се чуваат за да подоцна се продадат повисока цена и тоа е криминал. Според нашиот нов проект, во зоната „Жабени“ ќе отвориме Саемски центар бидејќи е на одлична локација, блиска до Солун и ќе се користи за бизнис настани, но и културни настани бидејќи Саемот ќе биде повеќенаменски центар. Во непосредна блзина на зоната ќе има картинг-центар со кој ќе се развиваат моторни спортови, мото трки и друга забава, истакна Димов.

Во изјава за медиумите, кандидатот за градоначалник на Општина Битола Ќире Димов најави методи за подобрување на еко-културата, отворање на Центри за рециклирање на отпадот за отворена борба против загадувањето, нечистиот воздух и зачестените болести, посебно канцер кај битолчани.