Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Кинотеката на Македонија одбележува полувековен јубилеј

Половина век постоење годинава одбележува Кинотеката на Македонија, формирана како институција од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Половина век постоење годинава одбележува Кинотеката на Македонија, формирана како институција од посебен интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од особено уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење. Официјално почнува да работи во 1976 година, две години подоцна од усвојувањето на  Законот за формирање на Кинотека на Македонија (29 април 1974).

Кинотеката располага со фонд од над 15.000 филмски копии, повеќе од 72 .00 парчиња пропаганден материјал, фотографии и плакати и повеќе од 100.000 пишувани документи. Во состав на Кинотеката е и специјализираната библиотека со над 4.500 книги и списанија за историјата и теоријата на филмот, како и 32.500 прес-клипинзи. Кинотеката располага и со колекција на стари кинематографски апарати.

Архивските материјали, односно целокупната македонска филмска продукција (од 1905 година до денес), како и филмовите снимени од странски автори во Македонија во периодот до Втората светска војна, се чуваат во посебен оддел, во депоа со контролирана температура и влажност на воздухот. Другите филмски материјали се наоѓаат во кинотечните депоа.

Реклама

Во Кинотеката на Македонија постојат два сектора – филмски архив или сектор за прибирање, заштита, чување и обработка на филмови и филмски материјали и придружна филмска документација и сектор за истражувачка, издавачка, јавна и меѓународна дејност, библиотечна дејност и филмска програма.

Кинотеката е членка на Меѓународната федерација на филмските архиви (FIAF), Европската асоцијација на кинотеките (ACE) и на асоцијацијата Europa Cinemas.

По повод 50-годишниот јубилеј, в среда (8 април) ќе биде промовирана поштенска марка за Кинотеката, изработена од авторот Лазе Трипков.

Како што е најавено, на настанот ќе се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, директорот на „Поштенски сообраќај“ во АД „Пошта“, Бојан Кереместевски, и раководителот на архивот на Кинотеката, Игор Старделов.