Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

🎥 Кекеновски: Обвинител без доверба е ризик за државата- изгласаната интерпелација за Коцевски не смее да се игнорира

Недовербата во јавниот обвинител е ризик за државата. Изгласаната интерпелација не е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недовербата во јавниот обвинител е ризик за државата. Изгласаната интерпелација не е само политички чин, туку силен јавен аларм. Обвинител кој ја игнорира јавноста, се брани со селективни цитати од европски извештаи и молчи за сериозни скандали, не заслужува ниту легитимитет, ниту толеранција смета универзитетскиот професор Јове Кекеновски. Според него, Љупчо Коцевски не е изолиран од политичка и демократска одговорност и затоа не смее да ја игнорира изгласаната недоверба.

  • „Без разлика што изгласаната интерпелација не е обврзувачка, таа има сериозна политичка тежина. Поготово што таа е изгласана од мнозинство пратеници, што значи дека обвинителот ја изгубил довербата од оние кои го именувале а тоа се претставниците на граѓаните во највисокиот законодавен дом. Таа не треба да се игнорира. Иако има формално правна независност во одлучувањето, според член 27 од Законот за јавно обвинителство, тој одговара пред Собранието, што значи дека постои механизам на отчетност. Токму овој механизам сега е активиран, не како партиска иницијатива, туку како демократска потреба. Ако една институција не функционира, одговорноста најнапред ја носи првата личност на нејзино чело“ вели Јове Кекеновски – универзитетски професор.

Повеќе од јасно дека сите челници на правосудните органи само декларативно се залагаат за реформи, смета професорот, бидејќи по неколку месеци изгласана недоверба ниту еден од членовите на Судскиот совет не покажа доблест да поднесе оставка.

  • „Тие свесно ги користат одредени пропусти во законодавството за да едноставно останат што е можно подолго на функцијата. Декларативно се залагаат за демек да има реформи во правосудството, но во суштина тие се најголемите кочничари и уназадувачи на демократијата каде што промовираат една неправда или селективна правда, која што е недозволива за една држава која што тежнее кон почитување на принципот на владеење на правото. И од таму што мене ме зачудува, зошто до сега ниту еден да собере храброст или доблест да си поднесе оставка“ смета Јове Кекеновски – Универзитетски професор.

Владата отпочна постапка за разрешување на Коцевски пред 4 месеци, но ја запре по трагедијата во Кочани. Тогаш Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за негова промена. Недовербата во јавниот обвинител владејачкото мнозинство ја искажа и вчера на гласањето, но не и опозицијата која го донесе на функцијата во последните денови од владеењето.