Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Ќе се гради нова поликлиника во Бутел, општината денеска распишува тендерска постапка

Граѓаните најмногу бараат поликлиника и Општина Бутел денеска распишува тендерска постапка за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните најмногу бараат поликлиника и Општина Бутел денеска распишува тендерска постапка за нејзина изградба, соопшти на денешната прес конференција градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски. Новата поликлиника Бутел ќе се гради на улица „Бутелска“, на местото на постојната модуларна амбуланта. Ќе има приземје и кат. Околу 118 милиони денари ќе чини целиот проект. 

Ова беше еден од капиталните проекти, што го најавил градоначалникот Костовски.

-Општина Бутел обезбеди планска документација. Донесовме ДУП на 16.02 2024 година. Го донесовме едногласно. Зацртавме маркица за нова поликлиника. Веднаш потоа обезбедивме проект во вредност од 3 милиони денари. Целосна проектна документација, рече Костовски.

Реклама

Додаде дека се обезбедени 117 милиони денари, од кои 90 отсто се од Министерството за здравство, а 10 отсто од Општина Бутел.

Костовски посочи дека се работи за модерна поликлиника, која ќе се простира на 1500 квадратни метри. Тендерската постапка се очекува да трае околу еден месец.

Министерот за здравство Азир Алиу истакна дека оваа поликлиника е пример за соработка меѓу централната и локалната власт. 

-Во новата поликлиника ќе има општа медицина, ординации за педијатрија, биохемиска лабораторија, кабинет за радиологија, стоматологија, гинекологија, психијатрија…, рече Алиу.

Одговорајќи на новинарско прашање, Костовски изјави дека по завршувањето на тендерската постапка и откако ќе биде избрана фирма, се очекува веднаш да бидат поставени темелите на новата поликлиника или не повеќе од два месеца. Рокот е 18 месеци според условите поставени за градба. 

– Важно е да ги запознаеме граѓаните, бидејќи ќе се гради на старата амбуланта, на модуларната, која е вреднаш до Општина Бутел, матичните лекари кои работат таму во моментов, ќе бидат дислоцирани во зградата на поранешниот дом „25 Мај“. Тоа се соодветни услови, зградата има и свој паркинг. Додека се гради, привремено тие ќе бидат во таа зграда, појасни Костовски.