Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Ќе му ја скројат ли албанските партии судбината на Заев на следните избори?

Заев побара помош за предизборно коалицирање за локални избори, но дали соработката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заев побара помош за предизборно коалицирање за локални избори, но дали соработката ќе биде плодна или може да ја разниша и онака слабата влада? Изборот со која партија Заев ќе се договори, можеби ќе биде пресуден за понатамошното негово владеење. Особено ако се знае фактот дека принудениот политички брак на БЕСА и ДУИ никогаш не функционирал глатко.

Ниту од движењето на Касами, ниту пак од партијата на Ахмети засега не кажуваат јавно дали ќе соработуваат со СДСМ.

Се поизвесно е дека Заев ќе извиси за поддршка, барем за првиот круг на локалните, особено ако се земе предвид изјавата  од ДУИ дека засега не се разговара да коалицираат со некоја партија, оти како што велат според нивнте анкети тие како партија се фаворити во опшитините каде има албански население.

Реклама

Од друга страна пак, од БЕСА велат дека има разговори за коалиција, но се уште е рано. Дека можеби нема да соработуваат со СДСМ, барем во прв круг наговестува информацијата која ја доби Алфа од избори во движењето дека веќе речиси се и договорени кандидатите кои ќе ја претставуваат БЕСА во Чаир и Гостивар, односно Ридван Бајрами и Фадил Зендели.

Дали Заев ќе бара поддршка во втор круг од ДУИ или БЕСА, засега не се знае, иако премиерот пред неколку дена упати порака за предизборни и постизборни коалции со албанските партии, се уште не се знае исходот од кого ќе ја добие помошта и како таа ќе влијае и на онака слабото владејачко мнозинство.

БЕСА и ДУИ речиси никогаш не биле во добри односи, кога Заев во 2020 година ја потпиша соработката со Касами за парламентарните избори, од ДУИ реагираа дека биле разочарани, оти таа коалиција ги дефакторизирала албанските гласови“, но и улогата на Охридскиот договор и бадентеровиот принцип.

Мери Ѓорѓиевска