Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Капетановиќ: Кариерните патеки веќе не се толку линеарни, не се важни само дипломите, туку вештините, способностите и адаптабилноста

Добивањето универзитетски дипломи без квалитетно знаење создава фрустрации, а поседувањето диплома во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добивањето универзитетски дипломи без квалитетно знаење создава фрустрации, а поседувањето диплома во сегашните услови не е доволно без доживотното учење бидејќи кариерните патеки веќе не се толку линеарни. Работодавачите сега не ги гледаат само дипломите, туку вештините, способностите и адаптабилноста. Затоа се потребни универзитети кои се поинтернационални, порелевантни, пофлексибилни и повеќе поврзани со вистинските економии – порача генералниот секретар на Советот за регионална соработка (СРС), Амер Капетановиќ, на отворањето на регионалната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“, што денеска и утре се одржува во Скопје.

Високото образование, вели тој, веќе не е само за стекнување дипломи, иако е поврзано со тоа, но сепак тоа не е само поради тоа. Тоа е стратешко прашање за иднината на регионот.

– Старото ветување што го знаеме беше едноставно: учи напорно, добиј диплома, добиј добра работа и напредувај во кариерата. Денес ова старо ветување не важи, дури ни во напредните економии. Тоа е многу важно, но не го гарантира успехот, освен ако не е во согласност со строгите барања на пазарот на труд. Со други зборови, технологијата го обликува нашиот пристап до информации, а истовремено образовниот систем мора да се осигури дека знаењето ја задржало својата вредност. И сметам дека тоа треба да биде нашето ново ветување. И во рамките на ова ветување предизвикот не е само да се прошири високото образование, туку и да се репозиционира. Потребни се универзитети кои се поинтернационални, порелевантни, пофлексибилни и повеќе поврзани со вистинските економии – рече Капетановиќ.

Реклама

За таа цел, како што нагласи, интернационализацијата на универзитетите не е прашање на брендирање, на престиж и секако не станува збор само за испраќање повеќе студенти во странство, туку станува збор за квалитет, за мобилност, за адаптиција, капацитети за истражување и можности.

– Вистинските ризици за нашиот регион се поширокиот јаз помеѓу аспирациите за учење и квалитетот на знаењето. Дипломите без знаење доведуваат до фрустрација, а таа не е само приватна. Само да ви кажам што научивме ние од анкетата на Балканскиот барометар, што ја спроведуваме секоја година. Шеесет и осум проценти од младите кажале дека сакаат да си заминат, а само дваесет и девет сакаат да останат. Ова е сигнал што треба сериозно да го земеме предвид. Токму поради тоа, високото образование не е само развојно прашање, туку е прашање на стабилност – нагласи тој.

Осврнувајќи се на можните решенија, тој истакна дека треба да се преземат неколку чекори, меѓу кои да се поврзе интернационализацијата со конкурентноста. Ниеден регион, според него, не може да зборува сериозно за иновации, дигитална транзиција, зелена трансформација ако неговите универзитети не се доволно поврзани со меѓународните мрежи и индустрија.

– Министерката одлично кажа дека не треба да плачеме за одливот на мозоци, туку треба да се фокусираме тие мозоци повторно да ги вратиме во нашите земји, како да ги вратиме оние што веќе заминале и да ги вклучиме повторно во синџирот на вредности – рече Капетановиќ.

Според него, треба да се работи на овозможување циркулација на таленти, а не кон одлив на таленти. Мобилизацијата, вели, не треба да биде еднонасочна насока, туку треба да се градат меѓународни и регионални мрежи и сериозни врски со академскиот екосистем.

Исто така, потенцира тој, треба да се адаптираме на промени на самото високо образование затоа што, како што рече, учењето сега е доживотно, кариерните патеки веќе не се толку линеарни, а работодавачите сега не ги гледаат само дипломите, туку вештините, способностите и адаптабилноста.

За унапредување на состојбите во сферата на високото образование, регионалната соработка мора да се гледа како дел од обезбедувањето на услугите во европскиот синџир.

– Ние не треба да избираме помеѓу регионална соработка и европска интеграција. Регионалната соработка нè подготвува за подлабока интеграција затоа што гради доверба, ја намалува фрагментацијата и ги зголемува стандардите. Токму тука регионалната соработка има додадена вредност затоа што нè собира, нè поврзува и работи на кохерентна регионална агенда за зголемување на нашите капацитети и конвергенции – нагласи Капетановиќ.

Покровител на регионалната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“, што се одржува денеска и утре во Скопје, е Министерството за образование и наука на Македонија.

Настанот е коорганизиран од Регионалниот совет за соработка (RCC) и Светската банка и претставува дијалог на високо ниво, кој обединува министри, раководства на универзитети, академици, истражувачи, креатори на политики, претставници на индустријата, работодавачи, експерти и студенти.

Конференцијата е конципирана како платформа за поврзување луѓе, идеи и институции, кои ќе придонесат за обликување на следната фаза од реформата на високото образование во регионот. Учесниците ќе дискутираат за конкурентноста на универзитетите и нивната усогласеност со европските и глобалните стандарди, иновациите и дигиталните вештини, особено во STEM-областите, политиките за мобилност и создавањето услови младите да учат, истражуваат и да работат во разни земји, а стекнатото знаење да се враќа назад во регионот, како и за јакнење на соработката насочена кон споделување најдобри практики и искуства.

И покрај историските и институционалните разлики, шесте држави од Западен Балкан делат заеднички предизвици, вредности и стремежи. Преку дијалози и размена на идеи регионот сака да покаже дека не е само пасивен учесник во европските процеси, туку и рамноправен партнер, кој со знаења, таленти и иновации може да ја збогати Европа.