Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Кандидатите избрани за пилоти денеска ги добија уверенијата

На кандидатите за пилоти избрани согласно Јавниот повик за обука денеска им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На кандидатите за пилоти избрани согласно Јавниот повик за обука денеска им беа врачени уверенија. Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски истакна дека Агенцијата ќе ги кофинансира нивните обуки за стекнување на пилотски дозволи.

-Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе учествува во висина од 50 проценти од цената на чинење на овие обуки. Во повеќе наврати на средбите со министерот Николоски ја констатиравме како критична состојбата со воздухопловен персонал во Македонија. На овој начин покрај тоа што ќе создадеме нови воздухопловци, сметаме дека ќе ги раздвижиме активностите во спортиските клубови и спортските аеродроми кои низ годините соочувајќи се со проблеми, полека замираат, а кои во минатото биле основ за создавање на персонал од кој подоцна корист имале многу институции, вели Стојаноски.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски нагласи дека ваквите проекти се потврда дека Македонија може и има капацитет да води големи проекти и да се врати самодовербата и достоинството кај народот.

Реклама

-Тука сме да ги согледуваме состојбите и да ги решаваме. Ќе продолжиме со поддршката, да стимулираме. Важно е дека процесот е транспарентен и се надевам дека на следниот оглас ќе има уште поголем интерес и поголем број на пријавени кандидати. Се надевам и дека истите покрај ангажманот во државниот, ќе можа да бидат ангажирани и во приватниот сектор, истакна Николоски.

Тој посочи дека по стапувањето на оваа Влада на функција, воведени се нови 16 авио дестинации кон скопскиот аеродром, а најави дека наскоро ќе биде објавени уште.

Николски и Стојаноски додадоа дека во понеделник ќе биде објавен уште еден оглас за нови 9 кандидати.