Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Кампања „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ – промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“

Во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права и во рамките на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права и во рамките на националната кампања „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“, денеска во Јавната општинска установа библиотека „Искра“ во Кочани се одржа промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“ од авторките проф. д-р Наташа Георгиева и проф. д-р Мирјана Јовановска Стојановска.

Настанот го отвори директорката Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, а делото го претстави  Магдалена Кочовска Салтирова, библиотекар од „Искра“.

– Систематското и аналитичкото работење во областа на семејното насилство од страна на авторките резултирало со стручен материјал со богата теоретска основа базирана на научни истражувања, надополнета и со студии на случаи. Освен опис и структура на проблематиката на семејното насилство, во книгата „Азбука на семејното насилство“ се понудени и начините како тоа да се спречи. Книгата претставува лексикон со богато дефинирани поими од областа семејно насилство, што ја прави значајно четиво и за релевантните субјекти од областа, но и за секој поединец што сака да истражува и да се информира – рече во својата промотивна реч Кочовска Салтирова.

Реклама

За искуството при создавањето на книгата и за сегменти од опишани случаи на семејно насилство говореа авторките Георгиева и Јовановска Стојановска.

Како дел од овој настан беше промовирана и изложбата на цртежи на тема „Помеѓу сенката и силата“ подготвена од Марина Арсова.