Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Камбовски: Судскиот совет на седница ќе одлучува како ќе работи во периодот до изборите, сакаме да го искористиме за внатрешна мини реформа

Судскиот совет на првата наредна седница ќе донесе одлука како ќе постапува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет на првата наредна седница ќе донесе одлука како ќе постапува и работи во периодот до завршување на изборите. 

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, вели дека се разговара дали Советот комплетно да застане со работата или пак може некои фази од постапките да ги работи и постапува, а само изборот да биде за по завршување на изборите. 

-Се уште разговараме со колегите и на првата наредна седница ќе донесеме и соодветна одлука, дали ќе постапуваме, што ќе постапуваме, во која фаза во предметите ќе постапуваме. Внимаваме да не се доведе под сомнение нашата работа или не дај боже да не поврзат со некои политички случувања кои што се во моментот, зошто, како што знаете избори се и голема е опасноста некоја наша одлука да се толкува на тој начин, изјави Камбовски, одговарајќи на новинарски прашања, по свечената изјава пред Судскиот совет на шестмината новозибрани судии во Апелација Скопје.

Реклама

Судскиот совет, според Камбовски, сака периодот на изборите да го искористи за внатрешна мини реформа во поглед на измени на правилникот за оценување на судиите, како и за утврдување на постапка за новинирање судија за Уставен суд.

-Знаете дека имаше и има на секој оглас големи реакции од страна на судиите. Јас, како судија, сметам дека сегашното решение не е баш најдобро решение. Ќе работиме на тоа. Ќе работиме на утврдување на начин како ќе номинираме судија за Уставниот суд. Знаете претходното наше номинирање како заврши, испадна дека има повредено некоја процедура, иако кај нас нема предвидено никаква процедура. Затоа сакаме да предвидиме процедура и да им биде јасно на сите судии кои се условите, кои се критериумите и воопшто да нема простор за сомнеж, изјави Камбовски. 

Прашан дали тоа значи дека предлог кандидатот за Уставен суд ќе биде после изборите, Камбовски, рече дека е можно, но и дека е подобро да не се брза само со предлози.  

Прашан во однос на веќе поднесените претставки, како што се од поранешната уставна судијка Елизабета Дуковска, Камбовски рече дека по дел се постапува, но бидејќи имало повеќе претставки и фатил овој период, се ќе зависи од тоа каква одлука ќе се донесе за работата на Советот. 

–   Доколку ние заземеме став дека без разлика на изборите ние продолжуваме со работа, ќе се работата. Доколку, заземеме став, иако сме независна власт, ќе запреме со постапките за да не предизвикуваме било каков сомнеж, тогаш тие постапки ќе запрат до завршување на изборите, појасни Камбовски.

Во однос на предлогот за нов член на Судскиот совет, на местото на Миљазим Мустафа, Камбовски рече дека се очекува новиот Закон за Судски совет.

– Претседателката Горадана Сиљановска Давкова кажа дека го очекува новиот Закон за Судски совет. И ние го очекуваме… и се надевам дека кога ќе се изгласа Законот, во тој момен Претседателката ќе излезе со свои предлози, бидејќи има огромна разлика тој закон, со постоечкиот закон за начинот, изјави Камбовски. 

Камбовски, меѓу другото, посочи дека има огромен проблем со човечки ресурси, не само во поглед на судии, туку и во поглед на стручни соработници, советници и записничари. 

-Се надевам дека за 2026, бидејќи за оваа веќе немаме надеж дека нешто ќе се промени, во буџетот за таа година ќе се успее да се издвојат средства да ги направиме тие потребни промени. Тие се корисни не само за нас, туку и за нашата држава, бидејќи институциите без луѓе, без професионалци кои што ќе работат внатре не се во корист на никого, изјави Камбовски.