Реклама

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Македонија

Јованка Кепеска: За кодификацијата на ромскиот јазик, втор дел

Надминати се дилемите дали од племенскиот живот Ромите создаваат ромски народ. А…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надминати се дилемите дали од племенскиот живот Ромите создаваат ромски народ. А вистина е дека не се населени само на една територија, туку се распространети во помали или поголеми групи во разни земји во Европа и светот. И дали следствено има можност Ромите да создадат свој литературен јазик, што ја претпоставува кодификацијата на ромскиот јазик преку писмо, правопис, граматика и речник.

Дотолку повеќе што Ромите досега немале гласовно писмо, а немале ниту свој литературен јазик. Предадени, пред сè, на својата економска состојба, не се стремеле да се занимаваат и со проблемите на својот јазик, да создадат свое писмо и своја писмена култура. Покрај тоа, нивниот јазик, во допир со јазикот на народот со кој живееле, трпел големи промени, а има случаи некои ромски племиња и сосема да го напуштат својот јазик примајќи го јазикот на народот со кој живееле.

Ромскиот народ природно тежнее кон создавање литературен јазик.

Реклама

Оттаму и намерата преку граматика да се прикажат карактеристиките на јазикот претпоставувајќи ги повеќето од дијалектите и нивната поширока распространетост, како и поврзаноста со хинду-јазикот.

Професионалната помош, врз основа на иницијативата на Ромите, образовната власт, преку Крум Тошев, ја побара од Круме Кепески како од граматичар за да се создаде Ромската граматика, што подразбира и кодификацијата на ромскиот јазик. Граматиката е резултат и на макотрпна повеќегодишна работа преку сеанси на говорителите на ромскиот јазик од 1970 до 1980 година. Нејзини рецензенти се индискиот филолог В. Р. Риши, Крум Тошев, Неџат Јашар и Нусрет Сехар. Шаип Јусуф, поради сопствените теренски истражувања за животот, преданијата, писмата и фолклорот на Ромите, покрај Круме Кепески, е автор на Ромската граматика.

Да се изврши кодификација на ромскиот јазик во Македонија, не и на ромскиот јазик, за што нема административни граници, и останува отворено прашањето за ромскиот јазик на разните дијалекти во светот чиј корен е во хинду-јазикот од Индија, кој постои како основа во дијалектите, е научното прашање. Бидејќи јасно е дека што поширок опфат на дијалектите се опфаќа, пореална е кодификација. И дека кодификацијата врз основа на дијалекти, кои се пошироко застапени, е научно порелевантна.

Затоа нејасна е дискусијата што се одвиваше овие два три месеци за кодификацијата на ромскиот јазик во услови кога е завршен значаен зафат на тоа поле со Ромската граматика од Круме Кепески и Шаип Јусуф. А во ваква дискусија се претпоставува научното сознание за нормите на ромскиот јазик и воопшто во регионален приод иако објаснувањето во дискусијата дека е поради употребените постари зборови што за некои Роми не биле разбирливи. Се асоцира на зборовите блиску до хинду-корените.

Како и дека ромскиот јазик го градат луѓе од културата, актуелно, што секако е неоспорно, но, секако не и за научната анализа на јазикот.

Причина беше појавениот запис на своевремената иницијатива на една група, во која учествуваат и едниот, во тоа време жив автор, Шаип Јусуф, покрај еден ромски фолклорист, неколку ромски културни работници, неколку општи филолози, но не и ромолози, покрај академикот Виктор Фридман, како обид за кодифиција на ромскиот јазик во 1992 година.

Имено, во времето на транформацијата на општествениот систем во земјата и имаше промена на наставните програми за академско ниво и може да се претпостави дека и на пониските нивоа на образование се очекувале промени. Не е познато дали ваквата иницијатива за промена добила соодветна верификација од просветните власти и за наставта на ромски јазик бидејќи не постои документација во Министерството за образование и наука.

Со овој обид за кодификација се добива впечаток дека се нема релација со Ромската граматика од Круме Кепески и интересно е што на таквиот состанок присуствувал и Шаип Јусуф, кој, како еден од авторите, но поради неговите теренски истражувања, не ги застапил и граматичките ставови во Ромската граматика.

Намерата на обидот била да се изврши кодификација на ромскиот јазик како предмет за изучување во Македонија, како што се објаснува, како „чекор кон меѓународниот ромски литературен јазик, а не во конкуренција со него“.

Земен е арлискиот дијалект како основа за ромскиот литературен јазик објаснувајќи дека мнозинството Роми во Македонија го користат, што би се надополнувал граматички, филолошки, а особено лексички (и модификации), со сите ромски дијалекти на Република Македонија, какви што се, како ги нарекуваат, џамбас, бургунџи, гурбет и др.

На таков начин писмото е извадено од еден од дијалектите, кој, како што е наведено, најраспространето се говори во Република Македонија (иако се назначува дека и другите дијалекти се надополнувачки), поради што кодификацијата на ромскиот јазик е претпоставена со кодификацијата на дијалект од ромскиот јазик во Македонија.

Иако латиницата е основа на ромското писмо во Граматиката, кирилицата и латиницата, земени се само функционално како основа на ромскиот јазик, при што само лаконски е речено како ромското писмо ќе се пишува во латиницата и кирилицата.

Како измена се изоставува посебниот знак за темната согласка со образложение дека во ромската азбука таков не постои, а и дека во повеќето ромски дијалекти е отсутна. Со исклучок во ретките случаи на шва во арлискиот или од друг дијалект да се прифати соответната џамбаска форма. За да се избегне согласката, арлиските зборови да се изговараат како џамбаските. И тука се поставува прашањето зошто се одбегнува означувањето на шва (слабо чујните) гласови кога меѓународно се означуваат со а?

Комплицирано станува и во правописот, кој се предлага за согласката х. Прашањето што се поставува е ако се слуша гласот х, а според Ромската граматика се слушаат две х, се воведува слеаното кх и тх, а наместо едноставниот предложен правопис, се предлага сложен:

1. Таму каде што имало аспирација во коренот на зборот, секогаш х ќе се пишува одвоено;

2. Автоматската безвучност на гласот не се пишува на крајот на зборот;

3. Кога пред етимолошките t, d, k, g, l и n, се јавуваат пред e, i, j, во правописот се користи етимолошката (основната) согласка;

4. Кога има аспирација во коренот на зборот, тогаш h се пишува;

5. Автоматската безвучност на гласот не се пишува на крајот на зборот.

Се предлагаат и неколку исклучоци:

1. При пишувањето аорист во прво лице, еднина, последната согласка се зачувува според коренот;

2. Во зборовите во кои има јотација, таа се пишува со ј; буквата i се пишува само како согласка;

3. Во наставките во кои џамбаски и други дијалекти го зачувуваат постариот s, кој е изгубен во арлискиот, s се пишува;

4. Инструменталниот падеж секогаш се пишува со s.

Во првиот прилог за ромскиот јазик укажавме на научните сознанија на Ромската граматика од К. Кепески и Шаип Јусуф. Таа е во основа на некои понови граматички учебници итн. Како значајно и опширно дело, потребно е да остане и ориентирот во осознавањето на ромскиот јазик и неговата кодификација и за негово осознавање и во светски размери. Таа е одамна исцрпена поради што се јавува потребата за нејзино преобјавување.