Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Николовски: Царинската управа беспрекорно и жестоко ќе се бори против криминалот

Царинската управа беспрекорно и жестоко ќе се бори против криминалот во нашите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа беспрекорно и жестоко ќе се бори против криминалот во нашите редови и тоа го покажавме во овие 26 месеци – исткна дииректорот на Царинската управа, Бобан Николовски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со осомничениот помошник-директор на оваа институција, кој неодамна беше уапсен за примање мито.

Николовски најави жестока борба и санкционирање на сите вработени што ќе бидат осоминичени за криминални дела.

– На 14 април, на денот на Царината, во моето обраќање пратив порака до сите вработени во Царинската управа дека беспрекорно и жестоко ќе се бориме против криминалот во нашите редови и тоа го покажавме во овие 26 месеци од царинските службеници во најниските слоеви, а еве сега до еден од повисоките слоеви во Царината. Секој што работи и се осомничи дека работи криминални дела, ќе биде жестоко санкциониран и во таа смисла еве ги доказите. Ние како Царинска управа ќе преземеме сè што е потребно и во наша надлежност, меѓутоа оваа постапка ја води надлежното Обвинителство, полицијата го изврши апсењето и ние ќе чекаме комуникација и ќе преземеме мерки – посочи Николовски.

Реклама

Царинската управа денеска на граничниот премин Табановце го промовира завршувањето на проектите реализирани во рамките на акцискиот документ „ЕУ против организираниот криминал, со поддршка за трговијата“.