Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска практика 

Судијката на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева, денеска учествуваше на конференцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судијката на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева, денеска учествуваше на конференцијата посветана на „Основни принципи на правото врз примерот на Основниот закон на Сојузна Република Германија и Уставот на Македонија“. Настанот е организиран по повод основањето на Центарот за германско право при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во рамки на конференцијата, проф. д-р Павловска-Данева имаше излагање на темата „Улогата на Уставниот суд на Македонија во заштитата на човековите права и демократскиот политички поредок“. 

Таа го истакна значењето на интерпретативните одлуки на уставните судови во европските држави, особено на Сојузниот Уставен суд на Германија, Уставниот суд на Италија, но и оние во регионов како уставните судови на Хрватска и Србија и изрази уверување дека  Уставниот суд  на Македонија почнува (иако срамежливо) да чекори по патот на уставно-судската пракса во поразвиените демократии. 

Реклама

Павловска-Данева посочи на неколку одлуки на македонскиот Уставен суд со кои се прави толкување на законските одредби во насока на тоа како тие треба да се читаат и применуваат од страна на редовните судови, а особено од страна на Законодавецот и извршната власт. 

После излагањата на двајцата претставници од македонскиот и германскиот суд, се разви дебата во која судијата Павловска-Данева ја потенцираше транспарентноста на Уставниот суд  и одличната соработка со медиумите за кои кажа дека се најревносните (покрај професорите по уставно право) следачи и аналитичари на работата на Уставниот суд. 

Присутните го поддржаа зголемениот активитет на македонскиот Уставен суд.

На настанот се обрати и проф. д-р Удо Штајнер, поранешен судија на Сојузниот уставен суд на Сојузна Република Германија, кој говореше за основните принципи на правото преку примерот на т.н. „клаузула за вечност“ во германскиот Основен закон.

На конференцијата присуствуваа амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, претставници на Германската фондација за меѓународна правна соработка(ИРЗ), деканот и професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“, како и судии и советници од Уставниот суд.

Настанот отвори простор за суштинска размена на искуства и правни перспективи за улогата на уставните судови како чувари на човековите права, демократскиот поредок и темелните уставни вредности, со посебен осврт на германското и македонското уставно-правно искуство.