Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Поголема заштита на граничните премини, повеќе ресурси за борба против шверцот. Македонската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголема заштита на граничните премини, повеќе ресурси за борба против шверцот. Македонската царина станува компатибилна со европската. Со донација од 4 милиони евра, цариниците ќе можат полесно и побрзо да дејствуваат во борбата против криминалот. За Владата ова е врвен приоритет.

„Со оваа опрема практично се зголемуваат ефикасноста и борбата се интензивира против организираниот криминал и корупцијата. Мораме да покажеме дека да се биде криминалец и да се занимаваме со криминал е неисплатлива професија. Новата Влада има сериозна намера да застане на патот на тие коишто одлучиле да бидат сојузници на криминалот и порано или подоцна сакам јасно да кажам на македонската јавност и на граѓаните дека тие ќе бидат фатени и изведени пред лицето на правдата“, изјави Премиерот Христијан Мицкоски.

Македонската царина заедно со Управата за јавни приходи се двете институции заштитнички на македонскиот економски раст. Контролата врз увезената стока и намалувањето на сивата економија е главен предуслов кој генерира раст на македонската економија, а царината е прва на браникот.

Реклама

„Паралелно инвестираме и во дигитализацијата која ќе значи помалку административни постапки, поедноставен пристап до царинските системи и побрзо завршување на процедурите. Со развојот на системите EORI 2 и Систем за унифицирано управување со идентитет на корисниците и дигитален потпис се прави важен чекор кон создавање единствен, поедноставен, побезбеден дигитален пристап до царинските услуги кој е суштински важен за економските оператори“, изјави Гордана Димитриевска Кочоск, Министерка за финансии.

Директорот на македонската царина Бобан Николовски и евроамбасадорот Михаел Рокас велат дека тесната соработка на европската и македонската царина придонесуваат за посигурна трговија со стоки помеѓу Македонија и Унијата.

„Какo идна земја членка на Европската Унија, Европската Унија ги поддржува… ја поддржува изградбата на капацитетите на Република Северна Македонија се со цел да бидат во согласност со европските стандарди“, рече Рокас.

„Особено значајно е што се обезбедени 26 специјализирани возила за Секторот за контрола и истраги, за мобилните царински тимови, за К9 тимовите, меѓу кои и специјализирано возило за транспорт на привремено задржани лица“, додаде Николоски.

Со новата опрема македонската царина станува дел од најдобро опремените царини во регионот.