Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Tоп

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Закани со колење на премиерот на плоштад, пцовки за цело негово семејство,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Закани со колење на премиерот на плоштад, пцовки за цело негово семејство, и тоа од познат кириманлец, насилник и лихвар, човек кој во минатото ги тепал тие што го пријавувале во полиција. Но сега, 39 годишниот А.Д. од кумановското село Черкези ја премина границата – заканата кон премиерот Мицкоски го однесе директно зад решетки во Кумановскиот затвор со кривична пријава за „загрозување на сигурностa“. Заканата ја упатил пред 3 дена на социјалните мрежи, и веднаш потоа бил идентифкуван и уапсен.

  • „..кривична пријава по брза постапка против А.Д. од с.Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик. На 11.09.2026 на објава на профил на социјална мрежа на Претседателот на Владата на Македонија, пријавениот напишал коментар со заканувачка содржина“ стои во кривичната пријава од МВР

Заканите по социјалните мрежи стнаа секојндевие во Македонија, но проблемот сега е што тие стигнале од човек со дебело досие за насилство, лихрватство, дури и поголем број прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир. Па поради тоа, обвинителите сметаат дека агресивните закани нема да опстанат на само на збор, туку тепачот можел да ги исполни и направи.

  • „Согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува“ велат од ОЈО.

Премиерот очекува истражните органи и судот до крај да го расчитат случајот.

Реклама
  • „Дознав во текот на вчерашниот ден за тие закани коишто се напишани на социјалните медиуми од ова лице, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад и упати пцовки кон мене и моето семејство. Јас сум сепак институција и претпоставувам дека институциите си ги преземале своите надлежности. Преку МВР лицето е обезбедено и се надевам понатаму тоа ќе го спроведе и правосудниот систем“, рече Мицкоски.

Пријaвата не за обична закана кон некого, туку „загрозување на сигурноста“ според кривичниот законик, челн кој носи максималната затворска казна и до пет години.

https://youtu.be/h8bpEhY9rww