Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Новите членки да се откажат од правото на вето, одлуките да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новите членки да се откажат од правото на вето, одлуките да се носат со квалификувано мнозинство наместо со консензус, но со вградена рачна сопирачка. Таа заштитна клаузула предвидува доколку некоја земја има нешто спорно, тоа да го упати како прашање во Европскиот Совет. Германскиот „Тејбл медија“ објавува дека ова треба да бидат главните измени во нацрт законот за реформи, кој го подготвува еврокомесарката за проширување Марта Кос. Во нејзиниот текст се предвидува и на членките да им бидат одбиени финансиски средства, ако назадуваат во областите на владеење на правото или ги загрозат интересите на Унијата.

-По приемот, новите членки во ЕУ треба да се откажат од правото на вето на одлуките донесени со консензус во Унијата, а постои и можност да им бидат одбиени финансиски средства доколку назадуваат во областа на владеењето на правото или ги загрозат интересите на Унијата, според предлогот за реформа на процесот на проширување на ЕУ, пишува „Тејбл медија“.

Целта на Кос е и да се најде наједноставен начин  за пофлексибилно носење одлуки, без измена на договорот за функционирање на ЕУ, кој предвидува задолжително едногласно донесување одлуки во надворешната и безбедностата политика и одредени финансиски прашања.

Реклама

-Како дел од чекорите за забрзување на донесувањето одлуки во новата, потенцијално значително поголема ЕУ, се предвидува дека секогаш кога е можно, наместо консензус, одлуките ќе се донесуваат со квалификувано мнозинство. Сепак, би била вградена и „рачна сопирачка“, која предвидува можност членката да го проследи спорното прашање до Европскиот совет. Исто така, се споменува механизмот од Јанина, кој предвидува колкав процентен удел во вкупното население на ЕУ и удел во бројот на членки на ЕУ е потребен за да се блокира одлуката, изјави „Тејбл медија“.

Нацрт-законот за реформи го подготви комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, а во него се наведува дека поголема ЕУ бара побрзо и поефикасно донесување одлуки. Кос планира да презентира нацрт-закон наречен „Анализа на политиките пред проширувањето“ на 30 септември.

Матеја Петровски