Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ЈОРСМ: По јавната реакција на Ивановска и е дадена можност исказот во Обвинителство да го даде по изборите

ЈОРСМ попладнево информира дека со оглед на јавната реакција на Билјана Ивановска,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈОРСМ попладнево информира дека со оглед на јавната реакција на Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која објави кандидатура за градоначалник на Центар и добила покана за распит по приватна кривична пријава, надлежната јавна обвинителка телефонски ја контактирала Ивановска и и дала можност доколку сака и доколку исказот во јавното обвинителство го чувствува како некаква форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите. 

За да се спречат какви било шпекулации, Обвинителството објави дека во предметот постапува ЈО Адела Бојчевиќ.

Претходно денеска  поранешната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска на својот профил на Фејсбук објави дека полицијата синоќа и доставила кривична пријава. 

Реклама

-По 11 часа откако ја објавив мојата кандидатура за градоначалничка на Општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата. Синоќа во 20:30 часот двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам Поканата од ОЈО Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19 август. Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација, пишува Ивановска.

Таа посочува дека навреме ќе информира за ситуацијата околу оваа кривична пријава, но посочува и дека „адреса на информирање е и Обвинителството како е надлежна институција“. 

Од ЈОРСМ, пак, посочуваат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје постапува по приватна кривична пријава поднесена  на 18.02.2025 година и презема дејствија за да ги провери наводите.

-Како едно од дејствијата е испитување на наведеното лице кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од Обвинителството е испратена на 25.07.2025 година и на ниту еден начин не може да се доведе во релација со политичките активности на поканетата, посочуваат од Обвинителството.

Од МВР информираат дека тие не водат никаква постапка против Ивановска.

-Во врска со случајот со Билјана Ивановска поранешна претседателка на Антикорупциската комисија, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека против неа МВР не води никаква постапка. За сите пријави и постапки кои што ги води Обвинителството, тоа е единствено надлежно за одговори во врска со истите, информираат од МВР.