Реклама

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Македонија

Јорданов: Со изградбата на резервоарите и СКАДА системот ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во Штип

За една година од денеска целосно ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За една година од денеска целосно ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето во Штип, најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој посочи дека нема да има прекини на водоводната мрежа, недостаток на вода, намален притисок во високите делови од градот. Овој месец треба да бидат ставени во функција резервоарите Пребег и Мери, а се работи и на секундарната мрежа во населбата Плждино.

-Овој месец резервоарот Мери и резервоарот Пребег ќе бидат ставени во функција. Останува да бидат поврзани со главниот цевковод и некои финални активности кои се предвидени во рамки на самиот проект. Веќе се работи секундарната мрежа во населба Плуждино, која ќе се снабдува од резервоарот Мери со вода за пиење, а резервоарот Пребег ќе овозможи решавање на долгогодишниот проблем кој Штип како град го има со слабиот притисок на високите населби, вели Јорданов.

Дополнително во наредните неколку месеци ќе започне со имплементација на СКАДА системот. Со истиот ќе се региулира загубата на вода на 35 точки во градот. Со тоа ЈП „Исар“ ќе има помали финансиски загуби, како и загуби на водата за пиење низ водоводната мрежа.

Реклама

-Нашата идеја пред четири години беше да дадеме решенија со кои на долг рок ќе се решат проблемите со водоснабдувањето. Морам да потенцирам освен овие два резервоари, во следните месеци ќе се започне со имплементирање на СКАДА систем. На 35 точки во нашиот град ќе се регулира загубата на вода. Освен ова изградбата на новите водоводни мрежи значително ќе ја подобри состојбата со водоводната мрежа, изјави Јорданов.

Тој посочи дека  претходниот период се промени голем дел од подземната водоводна мрежа во повеќе населени места во градот. Целта е Штип конечно да го реши проблемот со честите дефекти на водоводните линии, намалениот притисок на вода и загубите на вода. Инаку СКАДА системот ќе се гради со средства од вториот повик на Владата за користење на средства од  унагрскиот заем.