Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Јорданов: Реализиравме бројни инфраструктурни проекти со кои се овозможува раст и развој на општина Штип

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел-дискусијата – 4 години инвестиции во инфраструктурата, имаше градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, кој истакна дека вложувањето во постоечката инфраструктурата и создавањето на нова, овозможува развој на општината, како и тоа дека благодарение на новата Влада се инвестира со инфраструктурни проекти кое доведуваат до раст и развој на регионот и државата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вложувањето во инфраструктурата овозможува развој на локално регионално и државно ниво, во име на тоа изминатите години инвестиравме во одржување на веќе постоечката инфраструктура, но она коешто е значајно, кон коешто се стремиме е тоа што инвестиравме во создавање на нова инфраструктура, којашто создава нова вредност развој на општината и на регионот. Благодарение на политиките на новата Влада којашто веќе година дена преку ресорните министерства вложува во локалната самоуправа во регионален развој, успеавме изминатава година со помош на Министерството за транспорт и врски да започнеме реализација на инфраструктурни проекти, тоа се нови водоводни мрежи, нови водоводни линии на комплетно нови населби населени места кои ќе овозможат Штип да се развива, да расте“, рече Јорданов.

Градоначалникот на општина Штип истакна дека се вложува во проекти со кои се поврзува општината со другите населени места.

Реклама

„Успеавме да реализираме проекти со кои Штип полесно се поврзува со другите населени места, Коридорот 10 ќе го овозможи тоа да преку побрз и поевтин транспорт компаниите во тој регион и сопствениците на капитал бидат мотивирани да инвестираат да отвораат работни места и правопропорционално да се развива општината, регионот и државата“, вели Јорданов.