Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески на денешната собраниска седница за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески на денешната собраниска седница за Законот за електронски уреди за студенти истакна дека за оваа намена од државниот Буџет издвоени се 850 милиони денари со кој опфатени ќе бидат 55 илјади студенти.

Јаулески посочи дека секој студент до 29 години запишан во учебната 2025-2026 година ќе добијат по 15.300 денари за набавка на електронски уред.

„Денес на дневен ред е Законот за вредносни ваучери со коишто се предвидува набавка на електронски уреди во форма на лаптоп, персонален компјутер или таблет. Право на овој ваучер ќе имаат сите студенти до 29 години коишто се запишани коишто се запишани во учебната 2025-2026 година. И со оваа финансиска поддршка од државниот буџет се издвоени 850 милиони денари. За секој студент 15.300 денари, а ќе се опфатат над 55 илјади студенти“, рече Јаулески.

Реклама

Пратеникот посочи дека целта на овој закон е дигитална писменост, еднаков пристап за сите студенти до електронски уред и развивање на технолошката писменост, посочувајќи ги и другите мерки кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира за младите.

„Почитувани студенти, почитувани македонски граѓани, ВМРО-ДПМНЕ пред изборите се обврза дека ќе биде најголем сојузник на младите. Покрај многуте проекти коишто ги вративме, „Купи куќа за млади“, грантови за вработување на млади лица до 10 илјади евра, мерката „Млад земјоделец“, еве конкретно продолжуваме и со фокус на студентите“, истакна Јаулески, потенцирајќи дека она по што ВМРО-ДПМНЕ се разликува од СДСМ е тоа што ВМРО-ДПМНЕ работи и тоа што го ветува го испорачува.

„Разликата меѓу нас и оние коишто сега седат на прсти од левата страна на е тоа што тие ветуваа студентски градови со читални и библиотеки, фитнес центри и театри коишто никогаш не ги видовме. Оние коишто ја оставија зградата на ФФК и ФИНКИ на неколку илјади студенти недовршена за седум години и студентите немаа пристојни услови за студирање. Оние коишто правеа партиски списоци за сместување во студентски домови кои ги делеа студентите на подобни и неподобни“, потенцираше Јаулески.