Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Јанков: На Струмица и се потребни промени во делот на водоводот и канализацијата, за загадувањето на воздухот соодветно ќе одговориме

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков се осврна на горливиот проблем со водоводот во општината, како и со проблемот со питката вода кој го имаа струмичани минатата година, се наведува во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Јанков рече дека во програмата има предвидено проект за решавање на водоводот во Струмица.

„Имаме изработено проектирање на нов цевковод од брана Турија до фабриката за вода во Струмица во должина од 14 километри, бидејќи сегашните што се градени на крајот на 70-тите години од минатиот век, се од азбестно цементни цевки. Затоа ние мораме да изработиме проектна документација да видиме сето тоа колку ќе чини, за да можеме да го отпочнеме тој процес, за изградба на нов водовод кон потребите на Струмица“, истакна тој.

Јанков потенцираше дека Владата и министерството за локална самоуправа имаат обезбедено 29 милиони денари, средства за нова пречистителна станица во село Банско.

Реклама

Во делот на аерозагадувањето, кандидатот за градоначалник Јанков, во своето излагање напомена дека планот за загадувањето ќе биде долгорочно, а не за дневно политички теми.

„Преку поставување на повеќе мерни станици, преку кои ќе имаме увид во тоа кои региони се загадени и како да постапиме во тие региони. Кога говориме и за домаќинствата предвидуваме и субвенционирање на инвертер клими со цел намалување на загадувањето на воздухот“, појасни Јанков.