Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Јаневска: Финансираме истражувања на осум јавни научни установи, вложувањата во наука ни се приоритет

Осум јавни научни установи две години ќе работат на истражувања од висок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осум јавни научни установи две години ќе работат на истражувања од висок стратешки и национален интерес за Македонија, со поддршка на Министерството за образование и наука од 23,7 милиони денари. Меѓу одобрените проекти се Етимолошкиот речник на македонскиот јазик, истражувањата на Охридското езеро, Лексиконот на македонскиот фолклор како и истражувањето на културното наследство на Албанците од Кумановскиот регион. Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека потпишувањето на договорите со јавните научни установи покажува дека оваа Влада и Министерството инвестираат во забрзан развој на науката.

-Науката и истражувањата го даваат најдобриот одговор на предизвиците. Затоа, при креирањето на буџетот, одлучивме дека приоритет ни е стимулирање на домашна научна мисла, како влог во иднината на државата. Го поттикнуваме користењето на целокупниот национален потенцијал: интелектуален, технолошки и човечки за да обезбедиме напредок и конкурентност на државата, нагласи Јаневска.

Освен финансирање на проекти на јавни научни установи, Министерството, во рамки на Програмата за поддршка на научно – истражувачката дејност во Македонија за 2025 година, ќе финансира и пет научно-истражувачки проекти од посебен научен и јавен интерес кои се резултат на соработката помеѓу академскиот и бизнис секторот, во рамки на паметната специјализација на државата, со 30,4 милиони денари. Исто така, ќе се финансираат и иновативни проекти на државните универзитети, факултети, научни институти и Македонската академија на науките и уметностите.

Реклама

Буџетот за наука во 2025 година изнесува 680 милиони денари, што е речиси двојно зголемување во споредба со Буџетот од 2024 година.