Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Јанев: Службата не е само униформа – таа е братство, посветеност и заедничка сила

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска учествуваше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска учествуваше на планинарски марш со полициски службеници од СВР Тетово. Досега вакви маршови се држаа во Велес, Струмица и Битола каде полицијата е заедно на терен, во движење и во акција.

– Во духот на соработката, заедништвото и искрената комуникација, заедно го градиме оној полициски идентитет кој значи блискост со граѓаните, одговорност кон задачата и сила која извира од заедничките вредности. Надвор од канцелариите и рутините, утрово низ заедничка активност со пешачење од околу 5 км низ тетовскиот регион имавме можност да го јакнеме тимскиот дух, но и – што е најважно – подлабоко да се дозапознаеме, да зборуваме отворено за предизвиците на теренот, за реалните проблеми со кои се соочуваме, и за начинот како уште повеќе да се доближиме до граѓаните од Тетовскиот регион. Полицијата не се мери само со акции и бројки. Таа се мери со довербата што ја има кај народот. А таа доверба се гради со постојано присуство, искрен дијалог и подготвеност да се биде со граѓаните – и кога е тешко, и кога е мирно., истакна на маршот директорот Јанев.

Директорот Јанев потенцираше дека градиме полиција која не се плаши да ги погледне проблемите во очи и што чекори напред со дигната глава – за стабилноста на државата, за безбедноста на граѓаните, и за достоинството на полициската професија.

Реклама

– Македонија има полиција што се движи напред – тим по тим, регион по регион – со срце за народот и со сила за предизвиците. Градиме тимови што се потпираат еден на друг – мотивирани, дисциплинирани и посветени на заштита на секој граѓанин. Затоа што секоја лична победа е колективна сила, а секој ден е нова можност да станеме подобри – за себе, за колегите, и за Македонија, истакна на крај Јанев