Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Измените на Законот за метрологија донесени во второ читање: Нови критериуми за избор на директорот на Бирото

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за метрологијата денеска беше усвоен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за метрологијата денеска беше усвоен во второ читање од Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. До матичната комисија имаше доставено еден амандман кој беше усвоен од предлагачот, а се однесува на изборот на директор на Бирото за метрологија.

Пратеничката од Демократско движење Фериде Хаџиу појасни дека со овој амандман ќе се обезбеди кадар кој не само што има доволно практични вештини, туку и располага со лидерски и управувачки, односно меѓу другото, да има најмалку три години работно искуство на раководна позиција.

Ваквата измена на законот, според неа, ќе овозможи избирање на лица кои се професионални и поседуваат интегритет за вршење на јавната функција.

Реклама

Инаку со предложените измени на Законот за метрологија се врши изменување на општите услови за именување на директор на Бирото за метрологија во однос на сертификатот, односно уверението со кое се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија, на најмалку ниво Б2, објавувањето во дневни весници и обврската за усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Се додаваат и членови за разрешување на директорот, се додаваат одредби за составот на Метролошкиот совет како стручно и советодавно тело на Бирото во областа на метрологијата, со точно определени надлежни институции кои ќе ги предлагаат членовите и претседателот и се дополнуваат одредби за финансирањето на Бирото.