Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Измените на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, по скратена постапка, усвоени од матичната собраниска комисија

Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска го прифати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска го прифати Предлогот законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, што се носат по скратена постапка, во второ читање, и го проследи во натамошна собраниска процедура. 

За предлог законот не беа доставени амандмани. Со него се прецизираат одредбите и се врши усогласување со одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

– Заради поефикасно функционирање на органите на државната управа и прилагодување на современите потреби во некои области, меѓу кои во економијата и
пазарот на труд, се пристапи кон измена и дополнување на Законот за организација и
работа на органите на државната управа, со кој Министерството за економија се
преименуваше во Министерство за економија и труд. Заради конзистентност на правниот систем и доследна примена на законските одредби во однос на надлежностите на ова министерство утврдени во член 11 со кој се менува членот 20 од Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, потребно е усогласување на овие одредби со одредбите на постојните закони со кои се уредува оваа област, се вели во образложението, се вели во образложението на предлог законот.