Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Изложба на Живко Поповски-Цветин по повод Светскиот ден на здравјето

По повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април, уметникот и хуманист…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април, уметникот и хуманист Живко Поповски-Цветин денеска ќе претстави 33 слики на тема „Цвеќе на мирот“, изработени во маслена техника акрил на хамер, на еднодневна изложба во здравствениот дом „Железничар“.

На изложбата ќе настапат поетите Павле Стојановски, Љубица Бунтеска, Драгица Пандиловска и оперската певица Серафина Фантаузо, а се очекува здравствените работници од „Железничар“ да потпишат Декларацијата за мир и против сите војни во светот..

Повеќе од четири децении Живко Поповски-Цветин ја шири мисијата „Цвеќе на мирот“ со порака дека на светот му се потребни мир, храна, солидарност и љубов.

Реклама
Македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски-Цветин, Црвениот крст на Град Скопје и Лајонс дистрикт 132, денеска, ќе го одбележат Светскиот ден на сестринството со изложба „Цвеќе на хуманос

Досега тој им има подарено околу 70 000 слики на државници, политичари, музичари, поети, студенти, ученици, артисти, спортисти, нобеловци, на хуманитарни здруженија и организации. Организирал повеќе од 300 изложби во земјата и странство. Поповски беше кандидат за Нобеловата награда за мир. 

-Мои изложби и слики се наоѓаат во Центарот за здравје на детето во Варшава, во Клиниката за неврологија при Медицинскиот факултет (1994), Факултетот за медицински сестри во Битола, Детската клиника при Клиничкиот центар, Институт за трансфузиона медицина, Институт за јавно здравје, Гинеколошка болница ,,Мајка Тереза” во Чаир, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар, како и кај многу медицински сестри и здравствени работници, вели Поповски-Цветин.