Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Изгаснат пожарот на ридовите над Штип по 10 часа борба на пожарникарите и месното население

Изгорени ридови, пеплосана вегетација и мирис на чад. Ваков пустош остави зад себе големиот пожар што вчера попладне ги зафати ридовите над Штип. Брзата интервенција на надлежните, која траеше до доцна во ноќта, спречи поголема катастрофа. Огнената стихија беше целосно локализирана, а за среќа нема повредени ниту материјална штета врз имотите на граѓаните. Пламените јазици, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изгорени ридови, пеплосана вегетација и мирис на чад. Ваков пустош остави зад себе големиот пожар што вчера попладне ги зафати ридовите над Штип. Брзата интервенција на надлежните, која траеше до доцна во ноќта, спречи поголема катастрофа. Огнената стихија беше целосно локализирана, а за среќа нема повредени ниту материјална штета врз имотите на граѓаните. Пламените јазици, кои во еден момент почнаа да се приближуваат кон населбите Ново Село и Кадидере, достигнаа височина од неколку метри и можеа да се видат од речиси сите делови на градот.

„Вчера, некаде околу 17:30 часот, добивме дојава дека од удар на гром е запалена трева. Веднаш реагиравме со едно возило и тројца пожарникари. Кога пристигнавме на местото, видовме дека пожарот се развива во големи размери, па повикавме дополнителна помош. Дојдоа уште четири возила и 15 пожарникари“, изјави заменик-командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев.

Ситуацијата стана крајно драматична кога ветрот го промени правецот на движење и пламените јазици неконтролирано почнаа да се движат кон населените места. Според првичната проценка, огнената линија беше долга околу пет километри, а со механизација се правеа заштитни појаси за да се запре ширењето на пожарот. Состојбата на терен ја следеше и координираше градоначалникот на Штип, кој доцна синоќа, на вонредна прес-конференција, порача дека нема место за паника бидејќи пожарот е под контрола.

Реклама

„Искомуницирав со моите колеги од Кавадарци и Свети Николе, така што очекувам во текот на ноќта да имаме дополнителна поддршка од луѓе и механизација. Јавните претпријатија се вклучија со градежна механизација. Сметам дека нема простор за паника, затоа што се ангажирани сите логистички капацитети“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Подготвеност за помош изразија и соседните општини, а во гаснењето на пожарот беше вклучено и Доброволното противпожарно друштво.

„Веднаш се приклучивме во гаснењето на пожарот. Во акцијата учествуваа 12 доброволци кои со своите автомобили и четирицикли се бореа со пламените јазици“, изјави Горан Младеновски од Доброволното противпожарно друштво – Штип.

Со овој пожар практично и неофицијално започна сезоната на пожари на отворен простор, поради што надлежните апелираат на зголемена внимателност и навремено пријавување на секој забележан оган.