Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Економија

Историско и туристичко Крушево преку проекти ја има поддршката на Европската Унија

Крушево преку проекти има одлична соработка со делегацијата на Европската Унија. И…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крушево преку проекти има одлична соработка со делегацијата на Европската Унија. И при досегашните проекти кои ги финансира Унијата и при идните, рече Михаил Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Македонија при денешната посета на историско и туристичко Крушево. 

-Не постои никаков сомнеж дека Крушево е прекрасно историско место. Неколку проекти се тековни кои се реализираат со финансиска поддршка на Европската Унија, но има и идни проекти кои би се реализирале во Крушево. Се обидувам со мојот тим и со централната власт да изнајдеме решение за да ги решиме предизвиците со кои се соочуваат општините. Значи, да се направи координација со централната власт за да изнајдеме решенија за сите видови проблеми, рече Рокас. кој во Крушево се сретна со градоначалникот Нико Чонески и со членовите на општинскиот совет.

Главните проблеми кои треба да се решат, а слично е и во другите општини, се проблемите поврзани со водата за пиење, со менаџирањето на цврстиот отпад и со менаџирањето на отпадните води. Рокас нагласи дека има три нови проекти преку кои може да продолжи соработката со Крушево. 

Реклама

-Во моментов има три повици за проекти. Едниот за прекугранична соработка со Република Албанија, тоа е повикот за проекти ќе се објави во септември годинава, а во меѓувреме има тековен проект за програмата Интерек -Република Грција, а и проект за пристап на Крушево во „Лајв програмата“. Значи, сите три програми, или повици се справуваат со прашања кои се поврзани со биодиверзитетот и со одржливоста на животната средина и со прашањето за туризмот што е клучно за развојот на Крушево. Работа на локалната администрација е да аплицира за сите овие проекти. Сакам да ја пофалам локалната администрација дека има одлична соработка со делегацијата на Европската Унија, рече евроамбасадорот Рокас при денешната посета на Крушево.

Крушевскиот градоначалник Нико Чонески ја нагласи соработката преку проекти со Европската Унија, посакувајќи да продолжи понатаму. 

-Имавме плодна средба со амбасадорот на која беше претставено Крушево низ историјата до денеска. Беа изнесени предизвиците со кои денес се соочуваме како Општина и сето она што би сакале да го направиме во иднина за да ги подобриме условите за живот на нашите граѓани, рече Чонески.

Евроамбасадорот Михаил Рокас се сретна и со неколку невладини организации.