Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Историски рекорд: До крајот на годината, Македонија ќе има милијарда евра странски инвестиции

Надминување на историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надминување на историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра. Ова се очекувањата на премиерот Христијан Мицкоски за вложувањата на странски компании до крајот на годината. Тој е задоволен од податоците на Народната банка кои покажуваат дека странските директни инвестиции во Македонија во периодот од јануари до септември достигнале 838,2 милиони евра. Тоа е зголемување за 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и рекорд во изминативе дваесет години.

„Мандатот го започнавме со договори за странски инвестиции од над 650 милиони евра. Ќе продолжиме да работиме за раст на стандардот и благосостојба на сите граѓани. Работиме Македонија да биде повторно ваша и повторно горда! Заедно за работа која носи дела“ – пишува Мицкоски.

Податоците покажуваат дека само во третиот квартал од годинава, приливот на странски директни инвестиции во Македонија достигнал 281,6 милиони евра. Според Владата, ваквите позитивни ефекти биле резултат на економската и политичката стабилност во земјава.

Реклама

Дека Македонија останува таргет на меѓународните компании и во време на криза на европскиот пазар, покажува и заинтересираноста на две компании од автомобилската и градежната индустрија да вложат во земјава. Премиерот пред неколку недели најави дека овие договори ќе се склучат до крајот на декември. Пред неколку дена, стартуваше и третата фаза од инвестицискиот циклус на компанијата КОСТАЛ во Охрид. Во ноември владата потпиша два одделни договора за државна помош за двете компании на брендот „ Бреинчајлд“. Изградбата на новиот објект во битолската зона Жабени треба да почне догодина.

Претходно беше објавено дека во Македонија влегуваат Алказар Енерџи преку градење на ветерен парк, германско белгиската компанија Епсотех Аим, американскиот Вабтек, како и германската БМЗ, за производство на литиумски батерии.

Владата во изминатите четири месеци договори вложувања во вредност поголема од 600 милиони евра и нови 1.600 вработувања.