Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Ирскиот министер за европски прашања и одбрана Бирн денеска во Скопје

Ирскиот министер за европски прашања и одбрана Томас Бирн денеска е во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ирскиот министер за европски прашања и одбрана Томас Бирн денеска е во работна посета на државава. Бирн ќе има средба со својот домаќин – министерот за европски прашања Орхан Муртзани, а ќе биде примен и од претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Предвидено е Муртезани и Бирн да одржат и заедничка прс-конференција во Владата.

Посетата на Бирн на регионот, која покрај Скопје, ја вклучува и Приштина, како што е најавено од неговиот кабинет, ќе се фокусира на евроинтеграцијата во пресрет и за време на ирското претседавање со ЕУ наредната година и на зголемениот ангажман на Ирска во Западен Балкан.

Реклама

Пред доаѓањето во Скопје, Бирн порача дека проширувањето на ЕУ ќе биде клучен фокус за време на ирското претседателство со Советот на ЕУ.

– Одам во Косово и во Македонија за да ја истакнам поддршката на Ирска за европските перспективи на двете земји. Сакам да ги охрабрам и поддржам владите во Приштина и во Скопје, во нивните напори да ги спроведат потребните реформи за усогласување со стандардите на ЕУ, со цел да се постигне вистински напредок во нивната интеграција во ЕУ за време на ирското претседателство со Советот на ЕУ следната година, нагласува ирскиот министер за европски прашања и одбрана Томас Бирн.