Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

🎥 Инвестиции во образование: По речиси еден век ново училиште во Радање

По речиси еден век постоење, ќе се реконструира училишната зграда во карбинското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По речиси еден век постоење, ќе се реконструира училишната зграда во карбинското село Радање. Старите училници со испукани ѕидови ќе добијат нов лик, а целосно ќе се промени и кровот што прокиснува. Реконструкцијата на училиштето во кое учат околу седумдесеттина ученици.

„И самите бевте сведоци, ги видовте условите во кои овие дечиња досега учеле. Навистина ќе бидат знчајни овие интервенции коишто ќе се направат во овој објект и на овие седумдесеттина дечиња коишто го посетуваат ова училиште на дневна основа , ќе им овозможиме соодветни и модерни услови. Ова е само потврда дека оваа Влада, инвестира секаде и рамномерно. За нас не постојат заборавени места„ изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

 Реконструкцијата на училиштето ќе чини 8,9 милиони денари. Половина од средствата преку програмата за диспаритети, ги обезбеди рерсорното министерство, додека останатите 50% се од буџетот на општина Карбинци.

Реклама

„Учениците и наставниот кадар ќе добијат нови услови во модерно училиште кое ќе биде со енергетска фасада, со променет систем за загревање, нова водоводна и електрична инсталација, нов кров, ѕидови и под. Ова ќе биде целосно модерно училиште како што треба да изгледа во 21век„ изјави градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов.

Се очекува реконструкцијата на училишната зграда да заврши пред стартот на новата учебна година, но доколку градежните активности се пролонгират учениците со часови ќе продолжат во централното училиште во Карбинци, кое е оддалечено околу 4 километри.