Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Економија

Инвестиции во обновливи извори на енергија и целосна гасификација – клучни чекори кон енергетската транзиција

Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство ги продолжува своите активности насочени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство ги продолжува своите активности насочени кон зелена енергетска транзиција и намалување на емисиите на јаглерод. Преку значајни инвестиции во обновливи извори на енергија и целосна гасификација на државата, се создаваат услови за енергетска ефикасност и технолошки развој. Овие активности ќе обезбедат доверлив и одржлив пристап до енергија за граѓаните и стопанството, истовремено заштитувајќи ја животната средина.

Министерката за енергетика, минерални суровини и рударство, г-ѓа Сања Божиновска, учествуваше како панелистка на настанот за презентација на резултатите од мониторирањето на квалитетот на воздухот во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, каде истакна дека енергетската транзиција е приоритет за Владата на Република Македонија.

„Декарбонизацијата и диверзификацијата на обновливите извори се клучни цели во процесот на зелена транзиција. Во оваа насока, продолжуваме да ги прошируваме капацитетите за обновлива енергија, преку инвестиции во фотонапонски електрани и ветерни паркови. Исто така, Министерството развива политики за искористување на други извори на енергија, како биомаса, биогас и геотермална енергија, со цел да ја искористиме целосната енергетска потенцијалност на нашата земја“, изјави министерката Божиновска.

Реклама

Таа дополнително истакна дека целосната гасификација на државата претставува столб во стратегијата за енергетска транзиција. „Гасификацијата ќе овозможи значителни придобивки за општините во однос на намалувањето на загадувањето на воздухот и ќе овозможи изградба на когенеративни електрани, кои ќе бидат носечки извори на базна енергија во наредните децении,“ изјави министерката. „Преку гасни интерконектори со Грција, Србија и Косово, Македонија ќе го зајакне својот енергетски капацитет и ќе ја зајакне својата позиција во Југоисточна Европа, придвижувајќи се кон целосна енергетска независност,“ додаде таа.

Настанот, организиран во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга, претставува значаен чекор кон заедничките напори за подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на животната средина во Република Македонија.