Реклама
Економија

Инвестиции од 5,7 милијарди евра – Објавен годишниот план за вложување во енергетиката

Инвестициска офанзива во енергетиката. Вложувања во вкупна вредност од 5,7 милијарди евра…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестициска офанзива во енергетиката. Вложувања во вкупна вредност од 5,7 милијарди евра одобри ресорното министерство за енергетика согласно Годишниот план за 2026-та. Министерката Божиновска вели интересот за изградба на енергетски објекти бил огромен. Од 284 апликации, биле одобрени 67. Предвидено е да стартува изградба на 59 фотонапонски централи во висина од над две милијарди евра, 7 ветерни централи вредни над милијарда евра и една когенеративна гасна централа од 445 милиони евра. Интензивно ќе се инвестира и во 96 системи за складирање на електрична енергија.

Македонија не се откажува ниту од реализацијата на хидроцентралите Чебрен и Галиште. Владата анализира дали самата да ги гради или пак да вклучи странски инвеститори во јавноприватно партнерство. Инвестицијата е проценета на над 1,2 милијарди евра. Во игра е финансирање преку британското стратешко партнерство, а заинтересирани се и вложувачи од Обединети Арапски Емирати, Франција и Јапонија.

Во Инвестицискиот план се вклучени и анализи на МЕПСО и Електродистрибуција за стабилноста на системот, како и пресметки на трошоците за инвестирање, роковите за приклучување на новите објекти, како и потребата од нови мрежни вложувања. Кон енергетската независност ќе придонесат и општините. Предвидена е изградба на 56 енергетски објекти од страна на 7-те општини: Македонски Брод, Лозово, Дебрца, Кавадарци, Куманово, Брвеница и Кочани.