Оцрнување на министри, себе промоција на собраниската говорница или вистинско барање за одговорност на владините функционери – интерпелацијата како собраниски инстумент никогаш не доби 61 зелено светло за некој министер биде симнат од позицијата. Никогаш од независноста до денеска не беше изгласана ниту недоверба на Влада за што е потребно исто така апсолутно мнозинство. Опозициските партии поради незадоволство од работата на власта често ја користат оваа собраниска алатка бидејќи може да се иницира со потписи од само пет пратеници и тоа е демократски, коментира поранешниот пратеник Илија Димовски.
- „Во континуитет, не зборувам за овој состав или минатиот, Собранието не ја исвршува својата контролна функција врз власта. Причината не заради слабиот квалитет на Собранието сега или во минататото туку причината е заради поставеноста на изборниот модел во државата. Во таков случај, не сакам да префрлам преголема одговорност или вина на Собранието, секоја иницијатива која што оди во насока во некаква контрола на власта во принцип е демократски инструмент и е во ред да се користи. Дали ние како општество сме задоволни од тоа е друго прашање. Дали е ефикасна – не е ефикасна затоа што во 30 години ниту еднаш не била прифатена ниту една интерпелација за Влада или министер во таа Влада“ вели Илија Димовски – Поранешен пратеник.
Димовски е на став дека треба да се размислува и за други форми на контрола врз извршната власт.
- „Интерплацијата не значи дека носителот на функција е разрешен или ја губи функцијата. Интерпелацијата е политичка форма на проглас, на декларација. Доколку се усвои интерлација тоа значи дека Собранието утрврдило некаква политичка одговорност. Не осудувам интерпелација но можеби собранието можеби треба повеќе да размислува за другите форми на контрола, јавни расправи пред се надзорни расправи каде што ќе можат да направат сослушување на избрани или именувани лица“ вели Димовски.
Колку интерпелации досега биле поднесени точен број нема, но во секој владин состав работата за скоро секој министер барем еднаш беше испитувана од пратениците. Но никогаш ниту еден владин функционер не беше симнат од функцијата со мнозинство народни избраници, освен самоинцијативно или пак на барање на премиерот. Најтесно во гласовите беше интерпелацијата за Никола Димитров во 2021 за односите со Бугарија, кога за гласаа 53 а против беа 55 пратеници. Довербата во Владата на Заев истата година ја поддржаа точно 61 пратеник, иако тогашната опозиција тврдеше дека има апсолутно мнозинство да изгласа недоверба. Интерпелација имаше и за ексспикерот Талат Џафери поради тоа што ги навредуваше и пцуеше вработените во законодавниот дом, која никогаш не беше ставена на гласање.
