Реклама

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Македонија

Инспектори на АХВ повторно земаа брисеви од кујната на ОУ „Димо Хаџи Димов“, вработените на вонредни здравствени санитарни прегледи

По наредените мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот, опремата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По наредените мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот, опремата и машините во кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош, денеска повторно инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) земаа брисеви од работните површини во кујната со цел утврдување на најзината безбедност. На вонредни здравствени санитарни прегледи упатени се и вработените во кујната, која ќе остане затворена се до добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста.

АХВ официјално ги доби резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри храна и брисеви од работни површини, прибор, машини и од вработените лица во кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ и од вонредните инспекциски контроли кои беа спроведени во кујните на деветте основни училишта во Општина Карпош со кои стопанисува истиот оператор со храна.

– Со 600 евра во денарска противвредност и 300 евра за одговорносто лице казнет е операторот со храна бидејќи со земените мостри храна од ОУ „Димо Хаџи Димов“ било потврдено дека послужената мусака, не ги задоволува микробиолошките критрериуми за безбедност, односно утврдено е присуство на бактерија (Enterobacteriaceae).Од земените мостри храна и брисеви од во рамки на превентивните вонредни контроли во деветте основни училишта, кај една мостра од храна (намаз) утврдено е присуство на бактерија ешерихија коли, за што е наредено намазот да се исфрли од употреба. Два од тестираните брисеви биле позитивни, но, кај нив не е утврдено присуство на патогени бактерии, се вели во соопштението.

Реклама

На операторот со храна за утврдените недоследности со превентивните вонредни контроли изречени му се две парични казни по 900 евра во денарска противвредност ( 600 евра за операторот и 300 евра за одговорното лице), а за непоседување на сертификат за завршен курс по хигиена за едно лице и немање соодветни технички услови за работа ( немање на топла вода) во две училишни кујни изречена е и вкупна казна од 650 евра во денарска противвредност.