Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Иницијатива Кочани да стане регионален центар за обука на пожарникари

Дел од кругот на противпожарната единица во Кочани да се адаптира и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дел од кругот на противпожарната единица во Кочани да се адаптира и опреми како тренинг-центар за обука на пожарникари. Општина Кочани и градоначалникот Грозданов се подготвени да ги преземат неопходните активности за уредување на теренот и да обезбедат услови за одржување на теоретската настава во рамките на обуките.

Ова е резултат на денеска одржаната работна средба на градоначалникот Грозданов со претставници на Центарот за обука на пожарникари „Пегаз еду“ од Битола, на кој присуствуваа и претставници на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.

Во наредниот период е предвидено потпишување меморандум за соработка, а планот е обуките да започнат напролет. Со реализацијата на оваа иницијатива, Кочани ќе стане регионален центар за едукација и усовршување на пожарникари од целата држава.

Реклама

Ваквиот проект, велат од локалната самоуправа,  се очекува да донесе повеќекратни придобивки – унапредување на капацитетите и подготвеноста на пожарникарските служби, размена на искуства и знаења, како и подигнување на пожарникарството на повисоко професионално ниво.