Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто

Индустриското производство во април годинава е зголемено за 7,6 % во однос на април 2025 година – соопшти Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 4,3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 6,8 %, а во секторот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Индустриското производство во април годинава е зголемено за 7,6 % во однос на април 2025 година – соопшти Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 4,3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 6,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22,6 %. 

Според главните индустриски групи, производството во април 2026 година, во однос на април лани, бележи пораст кај Енергија за 17,2 %, Интермедијарни производи, освен Енергија, за 14,1 %, Капитални производи за 1,5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,5 %, а опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 4,9 %. 

Реклама

Во периодот јануари – април годинава, пак, во споредба со истиот период од 2025, има раст на индустриското производство од 0,2 %.