Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Имаме систем за чување на македонскиот јазик, но треба да го негуваме, порачуваат македонистите

Доколку правилно се пренесува, никогаш нема да биде загрозено опстојувањето на македонскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку правилно се пренесува, никогаш нема да биде загрозено опстојувањето на македонскиот јазик. Има стабилен систем но, треба да се негува, посебно во време кога имаме постојан наплив од странски зборови, смета деканката на Филошкиот факултет, д-р Луси Чочоровска. Според неа,  вистинското негување на јазикот почнува од дома и родителите, а потоа продолжува во училишните клупи.

„Никогаш не треба да се плашиме за иднината на нашиот јазик, меѓутоа како сенешто  и на јазикот му треба постојано негување, имајќи предвид дека тоа е жив организам, жива материја, којашто потојано прима нешто ново, нешто исфрла. Меѓутоа опстојувањето на македонскиот јазик, според мене никогаш нема да биде загрозен, доколку правилно се пренесува„ изјави д-р Луси Караникола-Чочоровска, декан на Филолошкиот факултет, при УГД, Штип.

На рафтовите во библиотеките постои цел арсенал со кој може да се одбрани постоењето на македонскиот јазик и идентитет. Овде треба да се споменат книгите и ракописите од 13 век, како и книгите напишани после кодификацијата на нашиот јазик.

Реклама

„Оваа година правеме 150години од од речникот на Пулевски, односно „Тројазичникот”, којшто  е некаков вовед во таа кодификација на македонскиот јазик. Го имаме исто и „За македонцките работи„ од Мисирков, 1903. Значи, зборувам за изданија пред 1944, кои се некаков начин да се кодифицира македонскиот јазик. Имаме тежок арсенал во одбрана на македонскиот јазик„ изјави Јовица Ничевски, директор на Националната и универзитетска библиоитека „Св.Климент Охридски„.

Во знак на одбележување на 80години од кодификацијата на македонскиот јазик, Националната универзитетска библиотека Св.Климент Охридски, на штипскиот Филолошки факултет, му подари неколку примероци од изданието „Правопис на македонскиот јазик„ кој се смета за клучна алатка во зачувувањето на македонскиот јазик. Во Националната библиотека има дигитализирано над еден милион книги, а предност се дава на книгите кои се сметаат за културно наследство.