Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Илиев: Нови патишта, зелен пазар и бесплатни комунални давачки за граѓаните на Конче

Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Општина Конче, Благој Илиев, ја побара…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Општина Конче, Благој Илиев, ја побара подршката од граѓаните и порача дека општината има потенцијал да стане пример за развој и домаќинско управување, стои во соопштението на СДСМ.

„Јас нема да ветувам лажни работи, ветувам акција, работа и резултати. Ќе реконструираме патишта, ќе ги уредиме централните делови на сите населени места, ќе ги реконструираме водоводите и ќе овозможиме бесплатни комунални давачки за вода, одвод и смет. Ќе изградиме зелен пазар, индустриска зона со фабрика за откуп, финансиска поддршка за земјоделците и стимулации за младите,“ рече Илиев. 

Тој додаде дека се предвидени и реконструкција на стадионот, мултифункционално игралиште, рекреативен простор со базен и фитнес-зона, како и бесплатен превоз и дневен центар за стари и лица на кои им е потребна помош Илиев потсети и на четири годишното владеење на ДПМНЕ, кое го одбележаа лаги, застој и партиски интереси наместо развој.

Реклама

„За нив, општината е банкомат, а не заедница. ДПМНЕ во Конче не гледа луѓе, гледа бројки и лични интереси.“, потенцираше Илиев. 

Тој потсети и на проблем со водата со кој се соочува општината и за кое локалната власт не  превзема ништо. 

„Имаме најбогата општина, а народот нема вода. По цели три месеци селата како Долни Липовиќ е без вода во летниот период, а и таа што ја има е матна и неисправна. Доаѓа овде Мицкоски да води голи политики, и да знае дека ќе му испратиме едно шише вода од Долни Липовиќ, за друг пат која ќе дојде да знае дека имаме проблеми со вода“, рече Илиев.

Тој потенцираше дека под маската на реформи и лажни ветувања, ДПМНЕ вложуваа во сопствени удобства. 

„Доста беше со нивните лаги и манипулации. Време е за чесност, за работа и за луѓе кои ја сакаат оваа општина.“, порача Илиев.