Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Прилози

И Народниот правобранител се вклучува во лоцирањето одговорност за загадувањето на водата за пиење во струшко

По алармантните сознанија за енормното загадување на водата за пиење во Струга…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По алармантните сознанија за енормното загадување на водата за пиење во Струга и бројните реакции и укажувања од граѓаните – правобранителството отвора постапка по сопствена иницијатива. Согласно законските надлежности, Народен правобранител официјално побарал од органите на Општина Струга детален извештај за актуелната состојба со водоснабдувањето, податоци за квалитетот на водата и извршените контроли. Потоа лоцирање на причините за настанатите проблеми, како и конкретен акциски план со мерки и временски рокови за надминување на состојбата.

„Секоја подолготрајна рестрикција, сомнеж во квалитетот на водата или недостиг на транспарентност од страна на надлежните институции создава несигурност и го засега јавниот интерес. Институцијата Народен правобранител нагласува дека ова прашање не смее да се третира низ политичка призма, туку како витален приоритет за граѓаните. Обезбедувањето на вода за пиење е законска и морална обврска на институциите.“ – вели Илбер Даути, Народен правобранител Кичево.

Обилните дождови повторно ја зголемија матноста на изворите во Шум, затоа сега се користат Беличките и изворите во Заграчани. Но и покрај тоа, денес водата од градскиот водовод е три пати над дозволената граница и веќе 11 дена е забранета за користење. Алармот го вклучи Центар за јавно здравје. Причината за загадувањето ја лоцираат во каменоломот кој се наоѓа на околу 400 метри од изворите во Шум. Згора на тоа, при ископ на суровини околу два среднонапонски столба ја нарушиле стабилноста на едниот столб.

Реклама

„На 10 февруари, по известување од МВР Струга, екипите на ЕВН излегоа на терен и констатираа длабоки ископи околу столбовите на 10 kV извод од која се напојуваат пет корисници. Поради обемните ископи и лошите временски услови, екипите не беа во можност веднаш да извршат стабилизација на критичниот столб. Во тек е повторен обид, а се разгледува и трајно техничко решение. За случајот се известени МВР Струга, градежната инспекција при Општина Струга и еден од сопствениците на парцелата“, велат од ЕВН.

ОЈО Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата. Се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител, но во интерес на постапката во моментов од таму не споделуваат повеќе детали.