Реклама

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Македонија

ХЗГ „Д-р Трајче Нешковски“ додели 25 ваучери за набавка на помагала за жените оперирани од рак на дојка

Во рамки на активностите во „розовиот месец“ посветен на борбата против карцином…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на активностите во „розовиот месец“ посветен на борбата против карцином на дојка, хуманитарното здружение на граѓани „Д-р Трајче Нешковски“ под мотото „Се грижиме, превенираме, делуваме“ додели 25 ваучери за помагала за жени кои биле оперирани од оваа болест. Синоќа по тој повод во Гостивар беше организирана и панел-дискусија под мотото „Се грижиме, превенираме, делуваме“.

– Оваа панел-дискусија е посветена на жените борки, жените кои се борат со ракот на дојка и оние кои се избориле со оваа болест, меѓутоа таа е насочена и превентивно, со совети за сите кои, за жал, се потенцијални пациенти. Пораката која ја испраќаме е всушност дека тие не се сами и да продолжат во нивната борба за здравјето, рече Ема Нешковска од ХЗГ „д-р Трајче Нешковски“.

Таа истакна дека вредносните ваучери кои синоќа се доделија се наменети за набавка на соодветни помагала, од Медикус хелп за жените кои се оперирани од карцином на дојка.

Реклама

На панелот, стручни лица од областа во излагањата ја посочија важноста од редовни самопрегледи и превенцијата.

– Ако жената при самопреглед се посомнева дека нешто не е во ред со градите веднаш треба да се јави на доктор. На тој начин го спречуваме напредувањето на болеста и рана детекција. На тој начин, од друга страна го скратуваме времето на лекување, рече примариус д-р Александар Велјаноски.

Совети за олеснување по оперативен зафат на карционом на дојка даде и Сашо Цветаноски, физиотерапевт специјалист по ортопедија кој истакна дека важно да се подобри циркулацијата на лимфата.

– За тоа да се постигне тоа, неопходни се неколку видови на терапија, апаратна, мануелна и на крај со компресивна терапија во вид на ракавица или бандажирање со што се обезбедува нормално функционирање. Успешноста на терапиите е со многу висок процент дури до 95 проценти со што се обезбедува и враќање во нормалниот живот, рече физиотерапевтот Цветаноски.

Овој настан во Гостивар, ХЗГ „д-р Трајче Нешковски го организира трета година под ред.