Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Хоџа – Габриел: Стратешко партнерство со ЕИБ за европски инвестиции во животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска остварил работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска остварил работна средба со Бјорн Габриел, раководител на Канцеларијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Македонија, на која двајцата разговарале за продолжување на досегашната соработка со посебен фокус на имплементацијата на стратешките проекти во областа на животната средина и водната инфраструктура.

Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, министерот Хоџа ја истакнал важноста на континуираната поддршка од ЕИБ во реализацијата на проекти кои имаат директно влијание врз подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните и заштитата на животната средина.

Бјорн, пак, се додава, нагласил дека Европската инвестициска банка, како банка во сопственост на земјите членки на Европската Унија и како најголема мултилатерална финансиска институција, поддржува одржливи проекти кои придонесуваат кон остварување на стратешките цели на ЕУ, со посебен фокус на Европа.

Реклама

Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на Македонија имаат потпишано два кредитни договори со ЕИБ, и тоа 68 милиони евра за проектот „Изградба на станица за третман на отпадни води за градот Скопје“ и 50 милиони евра за проектот „Подобрување на водната инфраструктура во општините“, кој опфаќа 80 општини во државата. Покрај кредитите, ЕИБ обезбедува и грантови за техничка помош, а во рамки на проектот за станицата за третман на отпадни води во Скопје се обезбедени 69 милиони евра грантови од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF), кои се администрираат преку ЕИБ како водечка банка на проектот.

-Бјорн повторно ја потврди посветеноста на ЕИБ за целосна поддршка во реализацијата на проектите, потенцирајќи ја тесната соработка со проектните тимови, редовното учество на координациски состаноци и улогата на ЕИБ како мост помеѓу институциите на Европската Унија и Владата на Македонија. Двете страни се согласија да продолжат со интензивна соработка со цел успешна имплементација на приоритетните проекти во областа на животната средина, наведуваат од МЖСПП.